Никогаш не можеш од прва да го најдеш клучот во ташна?

zena-i-tasna[fblike]

Гледам реклама за паметна врата што се отклучува и заклучува со мобилен. Одат со слоганот: „Никогаш не можеш од прва да го најдеш клучот во ташна?“ со кој им се обраќаат на жените. Во рекламата жената пред врата ја истура ташната со сите дрангулии во неа, демек клучот го бара.
Ај што е рекламата во целост сексистичка затоа што ги претставува жените како изгубени створења, туку имам и прашање за авторот (кој сигурно не е жена, зошто да бил, одговорот однапред би го знаел): Акожената не знае каде и е клучот од влезната врата, зошто би знаела каде и е мобилниот телефон?  Ние жените мобилниот многу почесто го користиме од клучот, оттука многу почесто му се менува местото каде што се наоѓа, пошто уствари мобилниот нема свое место, а и кога има, најчесто се става во ташна со едноставно пуштање внатре, па каде падне, и конечно, поради тоа, мобилниот е првото нешто што жената никогаш не може од прва да го најде. Јас на пример стално го наоѓам така што на оние до мене им викам – ај титни ми  Кој ќе и титне на жената пред врата да ве прашам? 

Alfa-GooolemNovogodisenPopust-2017-11-16-1180x90

Посетено 641 пати