Најскапите велосипеди на свет

Во потрага сте по нов велосипед, но парите воопшто не ви се проблем? Одлично, на право место сте.  Погледнете ги најпосебните и најскапите модели во светот …

Santa-Cruz-pocetna_majkatiitatkoti[fblike]

The Solid Gold Bike
Злато-планински велосипед
Сакате рамка од чисто злато, 600 црни дијаманти, 500 сафири? Тогаш ова е совршен велосипед за вас. Но, тоа не е се! Ако го порачате веднаш, не само што ќе бидете 14. сопственик на светот, туку ќе добиете и црно седло од кожа на алигатор. Цена? Вистински зделка … само 500.000 долари.

M55
терминал-премиер
Технологијата на Формула 1 од сега е достапна и на две тркала.  Ако сте љубител на научна фантастика, тогаш ова е вистинскиот велосипеди за вас. Алуминиумската рамка ве освојува на прв поглед, но сеуште не ви е јасна врска со Формула 1? Врвните Brembo сопирачки се таму за да ги запрат дури и оние кои со велосипед  ја постигнуваат брзината на светлината. Почетната цена е 35.200 долари.

.
Santa Cruz V10

santa cruiz

Овој светски познат велосипед неколку пати се искачи на подиумот на најпрестижните првенства. Санта Круз нуди голем број на опции, иако не би освоил наградата за најубав велосипед на годината, бидете сигурни дека би конкурирал за најудобен. Цена? Околу 15. 000 американски долари.

Intense Carbine
интензивен-карабина
Леснен, но агресивен и издржлив рам се главните атрибути на овој велосипед. Врвна суспензија, јаглеродни бандажи и погонот за работење  SRAM XX1 1 се тука за сепак малку да ја оправдаат цената, која овој пат изнесува 14.000 долари.

Budnitz FTB
Budnitz-bicycle
На прв поглед ќе се запрашате зошто овој велосипед  би бил на на листатата на најскапите. Креаторите тврдат дека ова е најзабавниот велосипед на целиот свет. Ако забавата сепак не е доволно добар критериум за извлекување пари од вашиот џеб, тука е рачно изработениот титаниумски оквир кој тежи само 2,2 килограми. Најдобро од се е дека овој велосипед може да изгледа како сакате. Основната цена од 7.800 долари  ќе се зголеми за 800 долари доколку сакате да ја смените бојата, а ако ви фали малку хидраулика, ќе треба да искеширате дополнителни 290 американски долари.
Веќе имате свој фаворит, парите се подготвена, единствено што треба да одлучите дали навистина сакате да го користите велосипедот, или да ви служи само за  украс 🙂

velgden na krf jk travel baner text

Посетено 1.800 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!