Најки се „враќаат во иднината“

Nike1-932x699
Компанијата Најки претстави нов модел на патики со адаптивни врвки кои можат сами да се врзуваат.
Моделот Hiperadapt 1.0 е претставен на настанот Најки иновации 2016 во Њујорк и неодоливо потсетува на „самоврзувачките“ патики од филмовите „Враќање во иднината“.
„Кога ќе ги обуете патиките, вашата пета удира на специјален сензор и системот автоматски ги затегнува врвките. Од страна имате по едно копче за олабавување или дополнително затегнување“, објаснила Тифани Бирс, иноваторот на компанијата.
На оваа технологија се работело уште од 2013-та година, а заснована е на Најки MAG – копија на патиките на Марти МекФлај од „Враќање во иднината“. Hiperadapt 1.0 ќе бидат достапни во три бои за членовите на клубот Nike+ оваа пролет, а засега нема информации за цената.
Посетено 513 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!