Минхаузен од интернет
Синдромот наречен „Минхаузен од интернет“
[fblike]
“Минхаузен од интернет“ е модел на однесување според „Синдромот на Минхаузен“, каде што интернет корисници привлекуваат внимание, со тоа што се прикажуваат како лажно болни на форумите и групите направени за поддршка, помош и комуникација на оние коишто се навистина болни. Извештаите на корисници коишто лажат на интернет дека се многу болни или жртви на насилство, за прв пат се појавуваат во 90-тите години и овој начин на однесување, за прв пат бил забележан во 1998 година, од психијатарот Марк Фелдмен, кој го именувал и обработил овој синдром во 2000 година.
Развојот на лажните заболувања во онлајн платформите е значително олеснет благодарение на достапноста од медицинска литература на интернет и загарантираната анонимност која што овозможува создавање безброј лажни онлајн идентитети.
Синдромот на Минхаузен е психијатриски синдром на лажно болни, именуван е по германскиот барон Минхаузен – најголемиот лажго во историјата на човештвото. Ова нарушување претставува сериозна закана за здравјето на „болниот“ кој измислува болести со цел да привлече внимание
[button color=”#fff” background=”#3A1B5A” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/tag/%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC/”] ДОСЕГА ОБЈАВЕНИ СИНДРОМИ[/button]
Посетено 339 пати