Крокети од компир со сусам

[fblike]

jademe.mk
Превкусни посни крокети од компир, растителен кашкавал и сусам.
Состојки:
Компир – 500гр
Брашно – 200гр.
Маргарин – 40гр.
Вода – 50мл.
сол и вегета – по вкус
Растителен кашкавал – 150гр.
Сусам – 200гр.
Инструкции:
Чекор 1:
Излупениот компир исечете го на коцкички и варете го во солена вода околу 30 минути или додека компирот не омекне. Откако ќе се зготви, исцедете го и згмечете го во пире.
Чекор 2:
Додека компирот е се уште жежок додадете ја вегетата и маргаринот. Кога смесата малку ќе се излади промешајте го брашното разматено во малку вода во кој се варел компирот и замесето тесто.
Чекор 3:
Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на даска посипана со брашно размесете ги и исечкајте ги на парчиња со големина по желба. На секое парче ставете коцка кашкавал и обликувајте топчиња притоа внимавајќи тестото целосно да го обвитка кашкавалот.
Чекор 4:
Крокетите извалкајте ги во сусам и пржете ги во подлабок сад со масло. Пржените крокети извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија. Послужете.
Посетено 9.145 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!