“KAVERVIL” – Том Џонс
[fblike]
Дами и господа, почитувана публико, јас сум Драган Б. Костиќ.
Информатор, едукатор, наратор и повеќе од 40 години, Ваш пријател.
Поздрав до сите оние кои чувствуваат предизвик да осознаат нешто ново и да го збогатат своето знаење. Од неодамна му се вратив на радиото со своја авторска емисија “Кавервил” каде Ви ги раскажувам приказните за најубавите светски музички кавер-верзии.Ви најавувам и дружење преку популарната веб страница “Мајка ти и татко ти” каде ќе дознаете за многу интересни стории од светот на музиката, во мојата музичка колумна “Кавервил”.
Слушајте радио и следете нè
Времето на најголемите успеси на Ser Tom Jones се седумдесетите години. Но речиси половина век подоцна тој сеуште пее на Grammy
и речиси ги оддувува сегашните sвезди од сцената.
Тој е единствениот поединец во Велика Британија кој и после шеесетата година има првопласирани сингл и албум.
Пријател на најголемите изведувачи, негови современици, бил омилен и радо виден гост насекаде.
На чија харизма не можела да одолее ниту Присила, преубавата жена на Елвис Присли, која во една прилика на заеднички одмор, лежејќи на плажа помеѓу Елвис и Том Џонс рече: ” Милиони жени би посакале да се на ова место каде што сум јас”!
е сега, да бидеме искрени…и милиони мажи би посакале да бидат на местото покрај неа…
Која е разликата помеѓу машко-женските сексуални фантазии?
Добро, добро…признавам, забегав. Да им се вратам на кавер верзиите.
Но, додека уште имам шанса…сакав да кажам дека жените се само жени, било наши мајки, сестри, сопруги…па дури…и англиската кралица. Е жена.
Чија желба била за нејзиниот дијамантски јубилеј, 60 години на британскиот трон, да пее…Том Џонс.
Кралската, не се одбива не ли?
Тј пеел пред Бакингемската палата во Лондон 2012-та.
Но далеку од тоа време, наназад кај една која тој ја пеел во 2010.
Пред се тоа е госпел песна од категоријата негро спиритуали, односно работни песни. Најстарата верзија датира од 1927. но од поновите, помодерните, односно документирани како снимка во комерцијална категорија од 1948.
Песната Didn`t it rain во изведба на Sister Rosetta Tharpe
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=SR2gR6SZC2M[/youtube]
Од 1948 Sister Rosetta Tharpe ја изведе првата комерцијална верзија на песната Didn`t it rain.
Ја изведувале многумина потоа.
Би се изненадиле кој ја снимил оваа песна.
Меѓу таквите кои би ве изненадиле е Hugh Laurie алиас доктор Gregory House од телевизиската серија House.
Неговиот албум од 2013-та се вика Didn`t it rain.
А во 2010 ser Tom Jones, го снима албумот Praise & Blaime и на него песната од 1927. – Didn`t it rain.
Didn`t it rain. Од албумот Praise & blaime од 2010, со Tom Jones
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=zGTCcryaZ6w[/youtube]
Kavervil се емитува секој ден од понеделник до петок на 14 радио станици низ Македоонја, како единствена емисија во радиодифузната историја на Македонија која го прави тоа.
Со цел да инспирира, потикне и други во обидот да го вратиме радиото во секое семејство.
Не заборавајте: Радиото не е џубокс.
Радиото пее и зборува.
Треба да информира, едуцира и да забавува.
Посетено 415 пати