Како да преболите некого за кој мислите дека никогаш нема да можете да го преболите
Некои луѓе навистина е тешко да се преболат.
Тоа е само една работа со која постои можност да се соочите кога ќе засакате некого. Колку повеќе ќе ви биде врската стабилна толку повеќе е тешко да ја прекинете таа врска и да продолжите со вашиот живот. Нема да можете да ја преболите личноста доколку се сеќавате на моментите колку ви било убаво заедно и доколку верувате дека постои можност повторно да ви биде така.
Во тој случај, вие сеуште ќе имате надеж дека работите може да се средат.
И во право сте. Работите може да се сменат, но како ќе се сменат зависи од вас и вашата надеж каква ќе биде.
Дури и кога ќе го прифатите фактот дека мора да продолжите понатаму со вашиот живот, не е секогаш лесно да продолжите. Секогаш ќе ви се јавува прашањето зошто? Зошто не е лесно да се продолжи со вашиот живот понатаму после прекинувањето на вашата врска. Секогаш ќе се прашувате зошто морало работите да се завршат на тој начин?
Треба да сфатите дека воопшто и не е важно зошто. Работите завршиле така и врската ви завршила затоа што морала да заврши. Можете да научите многу од вашите грешки.
Многу важно е да знаете дека не се случува се со причина. Знаеме дека ова ќе се покоси со сите ваши идеи и мислења, но навистина некои работи се случуваат сепак без причина. И се што можеме да направиме е да научиме од нашите грешки и да работиме на тоа да станеме подобри личности за самите нас.
Доколку веруваме дека се ни се случува со причина, тогаш не е возможно да го пуштиме нашето минато. Вистина е дека нашето минато ќе остане со нас на еден или друг начин, но доколку сакаме еден ден да се почувствуваме повторно живи мораме да се фокусираме на нашата иднина. Мора да се фокусираме на нашата акција.
Дадете си време.
Колку време ќе ви биде потребно зависи од самата личност. Доколку сте личност која не може да се замисли како продолжува со својот живот понатаму без таа врска тогаш ќе ви биде потребно многу повеќе време отколку што мислите.
Дадете си време. Не уништувајте се со влегување веднаш во нова врска. Малку забавете и оставете да помине малку време за момент. Дишете.
Разберете зошто вие двајца не сте успеале и зошто не сте станале поблиски.
Тоа што не сте усеале да станете поблиски зависело и од двајцата вас.
Општо познато е дека доколку се работело за вистинска љубов, не треба да престанувате со вашите обиди. Но, тоа не е точно. Понекогаш потребно е да се откажете затоа што тоа е најдобар начин да се спасите себеси.
Најдете причина за да ги пуштите работите да се движат понатаму.
Тргнете го вашиот фокус од него или од неа.
Запомнете дека вие сте најважна личност во вашиот живот. Тоа е така од денот кога сте се родиле и така ќе биде до денот на кој ќе умрете.
Тоа не значи дека ќе најдете во вашиот живот некоја личност која ќе ви биде многу важна за вас, но тоа не значи и дека вие ќе спаднете на второто место. Сепак вие ќе бидете секогаш број еден.
Не правете ништо глупаво, но, направете нешто. Не дозволувајте на мислите да ве однесат надолу, фокусирајте се на физичкиот свет.
Кога ќе почнувате да губите надеж фокусирајте се на други работи.
Да прекинете со некого кој ви значел се на Светот не е ни најмалку лесно. Но, потешко е да сфатите дека наоѓањето на следниот партнер е уште потешко отколку што очекувате.
Доколку вашиот поранешен партнер бил неверојатна личност нема да можете да најдете некој кој ќе е помалку од него. Потребно ви е време и среќа за да најдете соодветна личност за партнер која вам ќе ви одговара. Самотијата за никого не е убава но, сетете се дека постојат милиони луѓе на оваа планета, а исто така постојат и илијадници потенцијални кандидати кои имаат своја вредност како луѓе.
Сфатете дека тоа е дел од животно искуство од кое треба да научите.
Да живеете за да учите и додека така правите тогаш сте на вистинскиот пат. Потребно е да најдете некаков комфор во сето тоа.
Знаеме дека искуството не може да ве топли навечер, но постојат врски кои ќе не направат најдобри што можеме да бидеме. Знаеме дека прекинувањето на една врска може да ви го сруши целиот свет околу вас, но дали ќе е добар животот без никакви авантури?
Бидете суперхерој во вашата приказна. Бидете свој шампион. Правете работи кои сакате да ги правите, и живејте го животот како што сакате да го живеете. На крајот на краиштата само од нас зависи дали ќе направиме нешто за себеси и нешто добро за нашите животи.
Романтичната љубов е прекрасно нешто, но тоа е навистина само шлагот на тортата.
Посетено 4.127 пати