Историски Стари Фотографии Снимени Од Вселената

Понудени на продажба на аукциската куќа Блумсбери во Лондон

vintage-nasa-pocetna_majkatiitatkoti
Аукциската куќа Блумсбери од Лондон ќе понуди за продажба
уникатни “vintage” фотографии направени за време на
експедициите на НАСА во вселената

Оригиналните снимки направени со специјален модел на фотоапаратот Кодак ја пренесуваат атмосферата на првите мисии во вселената, ќе бидат понудени во голем формат на аукцијата на куќата Блумсбери во Лондон, а за поединечна фотографија ќе треба да издвоите и до 500 долари, што е прилично добра понуда за толку уникатен примерок.
Аукциската куќа понуди вкупно 26 снимки, меѓу кои е и првата снимена фотографија на Земјата од вселената која беше направена во 1946 година, на височина од 104 километри над Ново Мексико, со помош на специјален 35 мм аналоген фотоапарат кој бил лансиран во вселената во ракетата V- 2. До овој историски момент единствените снимки со ликот на Земјата од макроперспектива биле оние од 1935 година, направени од балони полни со хелиум кои се издигнале до височина од 13,7 километри над Земјата.
Погледнете ги овие уникатни историски фотографии на нашита планета.
Посетено 290 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!