Градот без автомобили, пари и политика

Dawnfire490[fblike]
Ауровил, или Градот на Зората, е експериментален град во индиската сојузна држава Тамил Наду, основан во 1968-ма година од Мира Алфаса, позната на своите следбеници како „Мајка“.
Замислата била да се создаде место во кое жените и мажите би живееле во мир и хармонија без оглед на политичките ставови, националност и религијата.
Станува збор за експериментален проект каде што секој граѓанин има своја улога, а најголемо внимание им се посветува на образованието и развивањето на креативни вештини.
Иако првично било замислено во градот да живеат 50 илјади жители, денес има нешто повеќе од 1.800 возрасни и 500 деца кои доаѓаат од 50 различни држави.
Најголем број жители се од Индија (околу илјада), а неколку стотини доаѓаат од Франција, Германија и Италија. Има и значителен број Американци, Руси, Шпанци и Швеѓани, неколку Јапонци, Кореанци и Австралијанци, и дури шест луѓе од Словенија.
Посетено 2.308 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!