ГОЛИ ГРАДОВИ

Статуите се деца во гипс
посадени во мали и напуштени паркови.
!Наоколу се црните домови
исполнети со леботворци
чии брчки исцртуваат
мапа од една душевна Атлантида.
**И додека сонцето и месечината
ја играат последната партија
кога облаците ко небитни пиони
потонуваат во вртлогот на ноќта
мракот итро ни приредува
ментален мат
седнувајќи не на уморните клупи.
Таму смрди на исчкртани календари,
таму болат сонови од скитници,
таму врескаат трачеви низ ехо.
Таму ветрот прави врева ко пропелер,
:::ко хеликоптер со пијан автопилот!
ко ветерница на крајот на светот.
ко вентилатор во почетокот на Август.
..останува на крај заколнатиот чистач
да го пробуди сонцето
и потоа двајцата? да си ја заработат својата дневница.
.Сите ние сме само полумртви сведоци
на полуживи процеси.
Посетено 361 пати