Еднаш скршено, повторно залепено, никогаш повеќе исто како претходно
Утрото мирисаше на изгорена љубов, но сепак останало она жарче кое пламтеше топлејќи ги нашите раце една во друга.
“Се можеше да биде поразлично, знаеш?”
Тие зборови ми ги распараа ушите, знаев дека е во право, но што можам јас кога не сум виновна, тој ме оставаше безброј пати, а јас го оставив само еднаш, го оставив и заминав со друг, знаејќи дека повторно ќе му се вратам.
Еднаш скршено, повторно залепено, никогаш повеќе исто како претходно…
Посетено 5.901 пати