Топ 10 начини за полесно да заспиете
Со подобрување на навиките за спиење можете да ги зголемите вашите шанси да заспиете побргу и да имате сон помеѓу седум до девет часа секоја ноќ. Добриот сон има многу здравствени придобивки. И што е најважно, ќе се чувствувате одморено и одлично.
[fblike]
1. Спалната користете ја само за спиење
Спалната соба нека ви користи само за спиење. Тоа значи, нема читање книга во кревет, нема гледање телевизија во кревет. Правејќи ги овие работи (или нешто друго) ќе го збунат вашето тело и многу потешко ќе заспиете. Дајте си себе време од 15 минути да заспиете. Ако до тогаш не успеете да заспиете, подобро станете од кревет, додека не ви се приспие. Можете да прочитате некоја книга, но избегнувајте гледање телевизија, како и работа на вашиот компјутер. Запомнете, ваша задача е да се обитеде да заспиете што побргу.
2. Направете си распоред
Одете на спиење и будете се секој ден во исто време. Ова ќе ви помогне да го истренирате вашето тело да се буди според некој распоред. Доколку успеете да го одржите во континуитет овој распоред голема е веројатноста да заспиете побрзо и да се чувствувате наутро посвежи. Немојте да се успивате за време на викендите или пак да останувате до доцна навечер. Вашето тело се прилагодува на промените кои ги имате со вашиот нов распоред на спиење со рамномерна стапка од еден час дневно. Тоа значи, ако преку недела сте се буделе во 6:30 наутро, а за време на викендите во 8:30 наутро ќе ви бидат потребни два дена да се прилагодите.
Промената на времето во летно/зимско сметање исто така влијае врз спиењето.
3. Направете си ритуал пред спиење
Креирајте си ноќен ритуал кој ќе ви сигнализира дека е време за спиење. Почнете со ритуалот 30 минути пред да легнете во кревет што ќе ви помогне во ослободување на стресните мисли, а како резултат ќе бидете подготвени да заспиете кога ќе легнете во кревет. Читањето (но не во кревет) или топла бања би биле одличен ритуал за пред спиење. Избегнете гледање телевизија бидејќи го стимулира вашиот мозок.
4. Вежбајте во текот на денот
Вежбањето во текот на денот тоа ќе ви помогне полесно и побрзо да заспиете и да имате длабок сон. Доколку вежбате подоцна во текот на денот, ќе имате потешкотии да заспиете побрзо. Навиката за секојдневно вежбање не само што ќе ви помогне за добар сон, туку ќе ви го подобри и целокупното здравје. Но, сепак претераното вежбање може да биде повеќе штетно отколку корисно.
5. Сочева светлина
Сончевата светлина ќе ви помогне во регулирање на вашиот деноноќен часовник и ќе ви помогне при заспивањето навечер, стимилирајќи го вашето тело да лачи повеќе мелатонин (хормон кој го регулира вашиот циклус на спиење). Пожелно е да сте изложени на дневна светлина секој ден. Утринската сончева светлина може да биде особено корисна, и не заборавајте секое утро да ги тргнете завесите, и да влезе дневната светлина во вашата соба.
6. Избегнувајте кафе во попладневните часови
Некои луѓе се чувствителни на кофеин и не треба да пијат кафе или чај и до шест часа пред спиење. Доколку имате проблеми со спиењето, пожелно е да избегнувате пиење кафе доцна попладне.
7. Затемнете ја вашата соба
Контрастот помеѓу светлото за време на денот и темното во ноќта помага во зајакнување на вашето тело во природен ритам. Со затемнување на вашата спална за време на ноќта ќе заспиете побргу и ќе спиете подолго. Затворањето на завесата и вратата може да ви помогне во намалување на светлото во вашата спална соба.
8. Избегнувајте алкохол
Една чаша вино, може да направи проблем и потешко да заспиете, можно е да се разбудите во текот на сонот. Овој ефект се должи на зголемување на шеќерот во крвта и повлекување на алкохолот откако ќе се метаболизира.
Обидете се да го избегнете конзумирањето алкохол пред спиење. За секоја чашка алкохол што ќе ја испиете, дајте му на вашето тело најмалку еден час да го обработи внесениот алкохол, пред да се обидете да заспиете.
9. Немојте да пушите цигари
Никотинот во цигарите ќе ве стимулира да останете будни. Ако сте пушач, постојат многу начини да се одвикнете од пушењето. Бенефитот од откажувањето на цигарите, вклучува подобар сон, подолг живот, повеќе енергија и секако штедење на пари. Пушачите исто така, можат да се будат порано наутро, поради повлекувањето на никотинот.
10. Посетете доктор
Најпосле, ако овие животни навики не ви помогнат, посетете го вашиот лекар. Можно е да имате некое нарушување во спиењето.
Посетено 520 пати