Да не сте мрднале од овде, најружни сме на плажава


Мислам дека беше летото ’88 година. Со друшките ја опрајвме накај Хвар. Секој ден одевме на плажа со бродица на едно мало островче. На плажичето -Масимо Савиќ, Бејбидол (како ли се пишува??), Марина Перазиќ, Саша Лошиќ, една плава висока со кратка коса мн. популарна во тоа време, Италијанки авионки и НИЕ. Не се сеќавам каков аутфит поседувавме. Сигурно бермуди со жирафи или палми, папучи за во двор, ластичиња за коса за подврзување тегли ајвар…така некако беше. А овие екс YU ѕвездиве дотерани со “бициклистички”, патичиња – гром, алки, некои горни шизички….А бе едно чувство – Пепелашки. Ама не се предававме за жива глава. Ќе си ги постелевме пешкирчињата грозни на карпите, уживавме во убавините на Јадранот и без престан хисерично се смеевме за судбината ни страдна. Во една прилика другарка ми направи мала извидница, се врати и со стиснати заби ни шепна на увце: “Да не сте мрднале од овде, најружни сме на плажава”.

Посетено 3.929 пати