Да беше банкнота од 100 евра, ќе те еб*в за две минути

da-bese-banknota-od-100-evra-ke-te-ebev-za-dve-minuti-1

Бевме четири другарки и еден другар, не сакам да споменувам имиња сега, но ќе ве запознаам на кратко со животот на нив четворица
да имате некоја претстава за што станува збор.
Едната беше Битолчанка умрена да биди доживеана како Скопјанка, умрена да живее во Скопје, умрена да студира таму, кога на крај замина и ку* свитка.
Беше од оние кои знаат да кажат за секого по нешто, а за себе ништо, увек.
Другата беше девојка со отворен ум, на моменти фина, на моменти трчаше со нож низ Широк Сокак во пијана состојба, но си врвевме топ, секогаш ни беше интересно.
Оваа третата беше спонзоруша, односно елитна курва, баш штета, а мислев дека ќе биде некој модел светски од неа.
Другаров ни беше пак како другарка исто како во американските филмови, неколку девојки и едно машко, за кој сите се прашуваат дали е женско.
Првата ја одебав на некултурен начин, откако неколку пати културно ме заеба и ми ја ставаше во уста насекое, ми здосади од толку лижење па си реков, не ме еба*аш ти поќе, гитла.
Втората иако беше океј, не ми се допаѓаше тоа што озборуваше се живо и диво зад грб, како викаат кој озборува пред тебе, ќе те озборува и тебе, зад тебе.
И тоа се случи…
Спонзорушата делуваше за паметна, но само делуваше, всушност да ти имала мозок со големина на орев или семка, не знам, не можам да одлучам.
Решив да не ја одебвам за скоро, мислев дека ќе успеам да ја спасам од дупката во која паднала, но не можеш да спасиш продадена дупка, ова де душа.
Другарката односно другарот што се дружеше со нас беше океј дечко, али овие го запустија, беше нивниот расипан телефон преку кој се озборуваа меѓусебно, а тој као не кажуел на никој (освен мене).
Беше морално да се одебе откако ги одебав сите останати, не ми требаше повеќе расипан телефон си купив Ајфон 6, што ќе ми е…
И така отиде цело друштво по петлите, освен кокошката што сакав да ја правам лебед. Увек носеше вештачка коса, висока штикла, 2 кила пудра и грам мозок на себе.
Откако се вратив од Германија ја викнав на кафе да се видиме, да видам до каде е со мозокот, дали ставила грам плус.
Но, ништо, можам да речам дека беше многу ослабена, мислите и се познаваа, замислете.
Каде ти е Марлборото, ајде вади на маса…кога го рече ова се стаписав, а пак коа дојде келнерот мене ми дојде да слезам под маса.
Порача рум мислејќи дека е виски, едно виски Captain Morgan, кога го рече ова посакав пред мене да има море, па да се фрлам така, да попливам малку.
Ја прашав што има ново дали уште се дружи со истата багра, ми одговараше кратко, се запрашав дали вокабуларот и ослабнал како мозокот (не дека некогаш го имаше).
Ја прашав зошто не се запише на факултет кога ми вика, се запишав, на оној твојот, смер Европски интеграции.
Снопче светлина ми го осветли нашето пријателство, си реков има надеж за оваа, кога после сфатив дека го утнала смерот, кога се запишувала сигурно и се причинило дека до Европски интеграции пишува “…и дополнителни жешки услуги на европско ниво”.
Зошто не се омажи за некој Германец, ми вика ќе добиеше државјанство, пари…си викам во себе не сум ти.
Не планирам да се омажам за богат, планирам да бидам богата, оти не направиш ваков план и ти, наместо да те планираат тебе секоја вечер после полноќ во различни автомобили?
Ова последното го изоставив…
Мене мајка ми ми рече дека не сум за тука, треба да фатам некој богат, стар и да си живеам убаво цел живот.
Ваква светска лепота како мене, не треба да се мачи за ништо во животот, па ниту за оној факултетот, пишав прв семестар на квадрат…
Кога се запишував, деканот ми рече дека јас не сум била за таму, туку да сум земела два, три испити и да сум заминела директно во Америка, во Викторија Сикрет.
Не ми се веруваше што слушам, со кој седам, зошто седам се прашував, сфатив дека за оваа нема спас. Престанав да поставувам паметни прашања, на кои добивав само глупави одговори.
Ја замолив да го допие “вискито” и да станеме побрзо, тоа пивото кое го пиев почна да ми го дуе стомакот, а нејзините зборови ми го подуја мозокот, ми доаѓашее да повратам.
Кога стигна сметката ја фати и рече, остави сигурно имаш само евра во џебот, а на овие треба да им се плати со денари, јас ќе платам, НЕ МИ Е ПОТРЕБНО МЕНЕ ДА РАБОТАМ ВО СТРАНСТВО ЗА ДА ИМАМ ЗА ВИСКИ…
Веќе ми пукна филмот, ја фатив сметката, ставив во неа  50 евра и ја фрлив на маса.
Бакшишот нека остане за тебе, ти заштедив едно ебе*е, не чуди се, вака еб*вам јас 50 ева во минута, а да беше ти банкнота од 100 евра можеби ќе те еб*в и тебе за две минути…
Си заминав разочарана и во тој момент сфатив дека навистина не можеш да разбудиш некој што не ни знае дека спие цел живот.
Оваа лепотицата изгледа беше во зимски сон…
Посетено 21.322 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!