Сексизам или комплимент?

[fblike]seksisam-ili-kompliment-1

Сексизам е полова дискриминација која најчесто се практикува врз жените од страна на мажите, но и обратната комбинација не е исклучок.
Сексизмот самиот по себе не е проблем, проблем се луѓето кои го практикуваат за да ги лечат комплексите врз некој друг со изговор дека неговиот пол е подобар од спротивниот.
Без разлика дали се однесува за вас или некој друг, доколку забележите дека некој постоајно ви упатува комплименти време е да се запрашате дали е тоа сексизам или комплимент.
За да не се чувствува никој дискриминиран ќе бидат наведени два примери за двата пола преку кои може да препознаете сексистичко однесување кај некој човек.
Пример за женски сексизам
На работното место ви е доделена задача да направите презентација пред колегите за некоја тема која ве засега сите во компанијата.
Таа задача ви е доделена од шефот или директорот кој исто така ќе присуствува на вашата презентација откако ќе биде истата готова.
На денот на презентирањето вие ја извршувате својата задача коректно и правилно и за тоа добивате пофалби од колегите.
Шефот или директорот наместо да ве критикуваат или пофалат за завршената работа, ви дофрлаат комплимент колку убаво ви стои костумот на фигурата и тоа било се што забележале на презентацијата.
Малку невкусно, нели?
Ќе оставиме да промозгате за тоа дали ова е сексизам или комплимент, иако веќе го знаете одговорот.
Пример за машки сексизам
Излегувате на кафе со своите пријатели и седнувате во кафуле до девојки кои забележувате дека ви го фрлиле окото.
Постојано разговараат низ насмевка и се гледаат често кон вас, знаејќи дека ги забележувате.
Вие заинтересирани со пријателите за нив бидејќи забележувате флерт или мислите дека е флерт им пријдувате и ги нудите да седнат на вашата маса како би поразговарале и би се запознале.
Тие наеднаш насмевката ја претвораат во права линија и глумат недостапни одбивајќи ве со изговор дека не би седнале со момци кои не ги познаваат на маса никогаш, но сепак сте биле друштво на згодни момци кои се доволно храбри да пристапат на овој начин.
Повторно невкусно, нели?
Зошто тогаш би се смешкале постојано и би ве гледале, зарем ве озборувале или има нешто смешно на вас што им привлекло внимание?
Повторно ќе оставиме да промозгате за тоа дали ова е сексизам или комплимент, иако веќе го знаете одговорот.
Доколку наидете на вакви или слични ситуации, не оставајте на нелагодноста да го направи своето и вие да се чувствувате исмеано и дискриминирано.
Веднаш поставете прашање кое би го поставиле кога би имале култура на нивно ниво и погодете ги директно во центарот на нивниот сексизам, верувајте нема да знаат што да одговорат.
Тоа е така бидејќи сексизмот не е факт кој може да се оправда, туку состојба на умот без поддржани факти, основана на замислени причини и предрасуди кои доколку луѓето кои го применуваат сексизмот би биле попаметни, не би ги земале во обзир истите.
Посетено 1.109 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!