Била је тако лепа….аха, жими мајка

autobus
Нешто си влегов во филм и киднапирав автобус на ЈСП
Извадив пакет од тие производите
заразени со listeria и ги натерав сите патници да легнат на под,
ако не сакаат да ги замавам со отровните салами.
Сите легнаа во секунда, избезумени од страв
„Вози до Мечкин Камен“ – му викам на возачот
„Ама немам толку нафта господине Киднапер“
„уф беља, вози до Сарај“
„ама Сарај е во спротивен правец,
ако свртам полукружно на семафори ќе ме казни полиција,
ќе останам без работа“
„Добро, застани малку кај КИМ аутобуската
ќе тркнам до Балет да мавнам некоја пијачка додека да смислам
кај да ме возиш а вие да не сте мрднале“- се заканив
Му ги земав клучевите и отидов на кратко до Балет
Арно ама се запив и запраив мубает.
Ми текна после некое време на автобусот, отрчав до него
и нема никој, сите избегале
само една девојка седи со наведната глава и плаче
„Што ти е девојко, зошто плачеш?“
“Прееска еден лудак го киднапираше автобусов и закаснив
на состанок со дечко ми и он ми се наљути
и ми раскина, не знам сега што да правам?“
– ми одговори без да подигне поглед
„Го виде?“
„Не, се’ некако набрзина беше.“
Добро е, не ме препозна, ми ослесна.
„Ај батали, дојди со мене до Балет на некоја пијачка
да се опуштиш малце“ – ја поканив
И така се опушти она , се опуштив и јас
Се опушти уште повише, а и богами и јас
Се будиме „опуштени“ сабајле кај мене,
Ништо не збориме, се правиме како другиот да не постои
А од упалениот телевизор се слуша
„еве го киднаперот на автобусот, кој го препознае
веднаш да се јави во МВР “
Дигаме поглед а мојата мила фаца од табло
стои преку целиот 56 инчен екран !!!!!
Таков злобен поглед ми прати девојкава
што ми стана јасно што ме чека.
Кога ја дофати секирата што ја чувам
покрај кревет јас по ептен-итна постапка
више купив бугарски пасош.
А само што замавна да ме унакази,
ја искористив таа пола секунда
што ми остана од животот
и неко успеав да се преселам во Благоеврад
За жал изгледа дека секирата се одбила од ѕидот
и ја мавнала по глава и на место умрела
И така, сега ме гонат и за киднапирање и за убиство
Безвезе, не е овака во американскине филмови?

[youtube height=”280″ width=”480″]https://www.youtube.com/watch?v=gsAXqiNmNuA[/youtube]

Посетено 1.299 пати