Кога ќе си најдеш личност која ќе ти отвори поле широко… и ќе можеш илјадапати да земеш здив и да издишеш длабоко…

Текстов е напишан на 22.08.2013 и до ден-денес имам апсолутно исто мислење за се’!… Те сакам срце мое, среќен роденден!

Не знам зошто, ама во навика ми е ете да пишувам за луѓето кои многу ми значат. Мислам дека живеам за да им посветам нешто мое, лично мое. Малку се, на прсти се бројат оние кои ме инспирирале, оние кои ме натерале да направам нешто за нив. Некои од нив заслужено, некои и не… Но, ако. Мојата желба да им измамам насмевка додека го читаат моето дело беше многу пати исполнета.
Глуп вовед, но нема везе. Сакам да и’ посветам нешто на мојата Тами, девојчето без кое не би опстоила баш. Тами, мојата сестра, мојата понежна половина, мојата ѕвезда водилка, мојата месечинка, мојата светлина, мојата најдрага колешка, моето се’.

Не ја претставувам како најдобра другарка, затоа што тој збор е до толку изобличен што би било греота и срам да ја претставам со тој збор. Затоа ја нарекувам сестра, затоа што никогаш немав … И нема да имам вистинска биолошка сестра, затоа што тета Марина си ја сакам како мајка… А, Тами увек ми се дере да не ја загрижувам мојата мама.

Толку ми недостига понекогаш што тоа е незамисливо, дури се прашувам дали сум психопат што мислам толку на неа (Тами не се плаши, чисто сестрински се грижам за тебе). Да не беше Тами, немаше да сфатам многу работи и да не беше она многу грешки ќе беа направени.

И ден денес се сеќавам на првите муабети разврзани без врска, се сеќавам на првата заедничка лесковачка. Правевме муабет со часови без престан, правевме муабет како да се знаеме 100 години, ги отворивме душите како да се исповедуваме за да ни се исчистат гревовите. Тогаш сфатив дека Господ чувал нешто за мене, некој ангел кој ќе биде секогаш тука за мене кога и да ми треба, во било кое време.

Се сеќавам и на првото кафе во к-15 кога Тами се двоумеше едно 10-тина минути дали да влезе во тоа биртииче и на крај влезе со зборовите: Марија, не си нормална, те убив! Секако дека ми прости после неколкуте цигари испушени од нервози!

Иначе Тами највише ја сакам пошто ми е светски промотер, сегде ме рекламира како добро знам да гледам на кафе, па често пати ми е незгодно кога тоа го прави. Но, знам дека тоа го прави…

Впрочем се’ прави затоа што и таа мене ме сака и почитува. И двете си се гордееме една на друга.

Без разлика на тоа што на почетокот сме мислеле дека никогаш нема да се споиме и нема да бидеме дуо фантастико, без разлика на тоа што двете сме се гледале на почетокот на криво… Успеавме да станеме непобедливи. За нас важи теоремата дека ДВЕ СЕ СУПЕР, ТРОЈЦА СЕ ГУЖВА. И, така сме успеале да дојдеме до тука.

Тами, сакам да ти кажам едно големо благодарам за тоа што си тука за да ме насмееш и да ми кажеш дека си уз мене. Сакам да му заблагодарам на Господ што те добив кога најмногу ми требаше.

Ти благодарам на сите кафиња, знам дека ќе има уште илјада. Ти благодарам на сите совети кога ми се како кец на десетка.

Ти благодарам што ме подржуваш во сите луди чуда за кои некои немаат муда (се извинувам на вокабуаларот, да има рима).

Ти благодарам што знаеш добро некад да мотивираш да продолжам да пишувам и затоа што веруваш во мене и ми помагаш да ја завршам книгата во што е можно поскоро време.

Свињо, ти благодарам што увек мислиш на мене и ме тераш да јадам како тебе!

Бич, не можам едноставно без тебе!

Марија Прличкова

Посетено 473 пати