Албанците и “Бубата”

buba-pocetna
Пред многу години возев стара црвена “Буба” – крш. Многу си ја сакав. Нон- стоп ме оставаше по улици и имавме милион случки со другарките. “Ајде професорка вози – правац Анталија”  – така си тргавме од факултет накај дома. Никогаш не се знаеше каде ќе нѐ остави на сред пат и секогаш без исклучок ми помагаа само Албанците. “Нашите” исто без исклучок или ми покажуваа среден прст или ми се дереа ” глупачоо”..Еднаш на узгорница на сред семафор “Бубица” застана и не мрда. Дерење, свирење, викање….и толку. Одеднаш дотрчаа две Албанчиња и едното ми вика: “Стави го во втора, ја ќе го гурнем и бегај”  И би и фала им.
Денес сабајлечки гарант немаше Албанец во колите на кривината пред ПМФ.

Посетено 1.492 пати