8 причини зошто треба да се отепате од плачење денес
Плачењето не значи дека вие сте слаби, па конечно сте ја искажале својата слабост, туку значи дека сте биле силни предолго време.
Затоа доколку ви се плаче денес, слободно пуштете ги солзите и исплачете се, бидејќи освен што ќе ви олесни, плачењето има уште 8 други бенефиции во кои ќе уживате додека плачете.
1. Солзите ги искажуваат чувствата
Колку пати сте сакале да кажете нешто лошо, нелагодно или баш спротивно убаво, прекрасно од кое ви се појавиле солзи во очите, а вие сакате да ги задржите.
Не задржувајте ги повеќе, бидејќи доколку искажувате убави или неубави работи со солзи, ефектот на неубавите се ублажува, а на оние убавите станува повпечатлив.
2. Солзите ослободуваат од стрес
За нештото да ви предизвикало солзи однегативна причина, значи дека истото претходно ви предизвикало стрес.
Телото има одбранбена функција во такви ситуации, да се брани или да си олесни со тоа што ќе ви дозволи да плачете.
Не спречувајте го телото да се ослободи од стрес, доколку ви се плачи, плачете, ќе ви биде полесно.
3. Солзите ги ослободуваат токсините
Сите токсини кои се собираат во организмот, се исфрлаат преку потењето, мокрачата и плачењето доколку не сте знаеле досега.
4. Солзите го намалуваат крвниот притисок
Не само што ќе ве ослободи од стрес, плачењето исто така ќе ви го намали крвниот притисок кој бил покачен токму од стресот.
Викаат доколку нешто не е во ред со еден организам, нешто не е во ред со главата на човекот, затоа прво исплачете се, ослободете се од сите грижи и негативни мисли, ќе видите дека крвниот притисок нема да ви се покачува повеќе никогаш.
5. Солзите го подобруваат расположението
Колку пати сте се чувствувале лошо и неудобно, а откако сте се исплачиле ви олеснало, сте биле послободни и поактивни во текот на денот.
Телото при плачењето не само што ги примило сите претходни набројани бенефиции од плачењето туку и ви помогнало да си го подобрите расположението, нели?
Тоа е природен процес на ослободување од негативните емоции или пак позитивните кои не ви дозволувале да функциониратекако што треба.
6. Солзите лечат болка
Независно дали физичка болка или болка од скршено срце, солзите ќе ви помогнат да ја излечите во секој случај.
7. Солзите ве прават посилни од претходно
Вие сте биле силни предолго време, сте ги игнорирале оние што ве повредуваат, сте стоеле цврсто и со крената глава, но дошол период кога сте морале да се ослободите од сиот тој товар кој сте го трпеле од сите и конечно сте пуштиле солзи.
Не плашете се, кога ќе престанете со плачење, верувајте дека ќе бидете посилни од претходно и ќе им покажете на сите каде им е местото.
8. Солзите се доказ дека има надеж да сте човек
Помеѓу сите овие луѓе денес кои не искажуваат чувства, глумат лудоло и се недопирливи, не постои некој што би се отепал од плачење уште денес, плашејќи се да не изгледа слаб додека го прави тоа.
Но, вие ослободете се од таа предрасуда и плачете уште денес, бидејќи не само што ќе си помогнете себеси, туку и ќе докажете дека сте човек со емоции помеѓу сите овие луѓе.
Посетено 5.805 пати