3 Прашања кои треба да си ги поставите пред да кажете ,,Те сакам,,

,,Те сакам,, е најубавата фраза во сите јазици. Значењето не е баш како што можеби вие очекувате. Дури и писателите и авторите викаат дека со зборови не може да се долови суштината на љубовта. Па, да ја погледнеме љубовта од една поширока перспектива. Иако со зборови не можеме да ги опишеме емоциите врзани за љубовта, треба да сме свесни дека сепак љубовта постои.
Stocksy_txp9b20e21fOai000_Small_38386

[fblike]

Љубовта не е некое измислено митолошко суштество кое би не уловило за да не искористи. Љубовта е состојба. И тоа не состојба само на луѓето кои се во врска, туку тоа е состојба на самата врска кај луѓето.
Погледнете пошироко. Постојат конекции помеѓу луѓето и сите материи во Универзумот. Секоја личност во Универзумот е поврзана.
Љубовта е врв на сите односи.
Не постои човек во овој Свет кој не бара љубов. Некои луѓе само половично ја разбираат љубовта, а други пак ја искривуваат дефиницијата во целост, но, на крајот сите бараат љубов каква што веруваат дека треба да биде.
Процесот на учење што е љубовта е неизбежен. Некои луѓе посакуваат да разберат што е љубовта и се вљубуваат премногу брзо во погрешни луѓе и потоа учат од сопствените грешки.
За жал, никогаш не можеме да знаеме уште колку лекции треба да научиме. Дали таа личност ќе биде ,,Вистинската,,?
Или само уште една грешка?
Додека не научите нови работи, никогаш нема да го дознаете тоа што не го знаете.
Како и да е, не е штетно да учите од грешките на другите. И за ваша среќа луѓето прават премногу грешки, посебно кога ќе кажат ,,Те сакам,,.
Многу е важно за вас да си ги поставите овие три прашања на себеси пред да им кажете на луѓето ,,Те сакам,,. Зошто? Затоа што кажувањето ,,Те сакам,, е пострашно од сексуалниот чин. Тоа има големо значење.
Еве што треба да се прашате.
 1. Дали мојата љубов оди подалеку од моите чувства?
Знаеме колку прекрасно се чувствувате во моментов и верувајте ни кога ќе кажеме дека сме навистина среќни за вас. Па, добро, да признаеме, малку сме и љубоморни.
Но, исто така сме и загрижени за вас. Зависно од тоа какво искуство имате со љубовта, можеби ги земате емоциите премногу сериозно отколку што навистина се.
Љубовта не се само емоциите кои вие ги искажувате. Тие емоции покажуваат на вашиот ум дека постои потенцијал љубовта да се формира. Среќата, возбудата, нервозата, а можеби и малку загриженост се само знаци дека хемија помеѓу вас двајцата постои и може да дојде до љубов.
Додека емоциите асоцираат на љубов, постои многу повеќе од тоа што може љубовта да ви даде. Сетете се дека емоциите доаѓаат како одговор на вашата реалност и интерпретацијата може да се измени со текот на времето.
Доколку вашата дефиниција за љубовта се базира само на емоциите, тогаш вашата врска ќе биде осудена на пропаст.
 2. Дали кажувањето ,,Те сакам,, е бенефит во една врска?
Понекогаш е премногу рано да кажеме ,,Те сакам,,. Понекогаш го кажувате ова дури и пред да сте заљубени во некој, па откога ќе сфатите дека сте погрешиле, посакувате да го исправите тоа.
Можеби сте го кажале премногу рано. Никогаш нема да знаете кое е вистинското време, па се повикувате од тоа што го чувствувате во вашиот стомак. Најдобро е да имате што повеќе информации за вашите заеднички чувства помеѓу вас и вашиот партнер.
Веруваме дека ќе бидете паметни за да направите вашата врска да функционира и понекогаш треба да почекате за да се осигурате дека можете да му кажете на вашиот партнер ,,Те сакам,,.
3. Зошто го кажувам тоа?
Зошто? Која е поентата? Застанете за момент и сериозно размислите за ова. Ние не правиме работи само поради тоа што мислиме дека така треба.
Без разлика колку наивни, неинформирани или глупави можат да бидат луѓето, одлуките кои ги носат секогаш имаат некоја логика за нив. Прават работи поради тоа што мислат дека ќе им дадат резултати какви тие сакаат.
Па, да ве прашаме повторно: Зошто сакате да му кажувате на вашиот партнер како се чувствувате?
Дали е тоа нешто кое сакате да го кажете?
Дали го кажувате тоа бидејќи посакувате истото да го слушнете од вашиот партнер? Или пак сметате дека тоа е нешто кое едноставно треба да го кажете?
Дали вашата причина е себична? Го кажувате тоа затоа што мислите дека така ќе го направите вашиот партнер среќен? Дали верувате дека тоа е нешто кое сака да го слушне вашиот партнер?
Постои само еден перфектен момент за да кажете некому ,,Те сакам,,. Тоа е моментот кога чувствувате дека вашата љубов треба да се чуе.
Кога кажувате некому дека го сакате, тоа не е само поради тоа што навистина го сакате. Тоа е поради фактот што кога ќе го чуе тоа вашиот партнер, неговиот живот ќе му се измени на подобро.
Кога кажувате ,,Те сакам,,тоа е олицетворение на вистинска љубов.
Посетено 3.125 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!