Гола пред тебе стојам

Можеш ли да ме видиш?!
се соблекувам пред тебе,
на стравот копчињата му ги откопчувам
и го вадам од себе…полека и целосно…
гола пред тебе стојам.
Можеш ли да ме почувствуваш?!
ми паѓаат сите штитови врз душата натежнати,
и не, со нив не сум повеќе безбедна,
туку само срцето во мраз ми беше оковано…
гола пред тебе стојам.
Можеш ли да ме намирисаш?
чај од јаболко и цимет, сол од исушени солзи,
мирисам зелено како оросена трева сред лето
и на колачиња со портокал и урми…
гола пред тебе стојам.
Можеш ли да ме допреш?!
воздушесто и нежно како да сонам
и во сонот здивот да ти го сетам,
наместо со врисок, со насмев да се будам…
гола пред тебе стојам.
Можеш ли да ме вкусиш?!
на непцето љубовта да ми ја сетиш,
а потоа соџвакај ме и полека проголтај ме,
засити се со мене…
гола пред тебе стојам.
Можеш ли… дали можеш,
да ме видиш и почувствуваш,
намирисаш, допреш и вкусиш,
да ме облечеш во твојата прегратка
додека вака…
гола пред тебе стојам.

Посетено 3.497 пати