20 години без Дедо 5-РЕ…

[fblike]
Петре Прличко…1907-1995-2015…
kolaz petre_majkatiitatkoti

20 години од заминувањето на вечниот Прличко…

petre-pocetna_majkatiitatkotiНа денешен ден пред 20 години Македонија се збогува од големиот актер, импресивниот Петре Прличко. Роден во Велес во 1907 година со глума почнал случајно за во неа да остане до последната воздишка. Од реквизитер и статист до генијален уметник.кој со својот уметнички сензибилитет остана лик кој вечно ќе живее. На свои 16 години го напушта родниот град и заминува со патувачката театарска група на Михајло Лазиќ. Во 1931 година основа и свој тетар „Боем“.Преку ден лепел плакати и продавал билети а навечар глумел.Во тие години при изведувањето на претсавата „Македонск крвава свадба“ во Тетово власта ја забранила претставата,ја уапсила целата група а на Прличко му е одземена дозволата за работа.Но со залагање на тогашниот министер за образование бил ослободен и продолжил со работа.Од 1939 член е на народниот театар во Скопје а од 1944 член на партизанскиот театар„Кочо Рацин“.По ослободувањето Прличко е еден од основачите на МНТ во кој за прв пат се играло на македонски јазик.Станува прво име на македонското глумиште.Не само како актер туку и како режисер,писател на неколклу театарски текстови,оснивач е на младинскиот театар во Скопје.
mandanata_majkatiitatkoti
Големиот уметник Прличко дал огромен придонес во создавањето и негувањето на македонската театарска и филмска култура.Покрај бројните театарски улоги Прличко играл и многу силни филмски ликови.Филмовите „Фросина“,„Мис Стон“,„Каде после дождот“.„Капетан Леши,„Ужичка република“ се само дел кои остануваат препознатливи по големиот Прличко.За улогата на Манданата(која воедно му била и најдрагата улога ) ја добива наградата „Златна арена“ во Пула.Прекрасни актерски остварувања има и во „Македонска крвава свадба“,„Капетанот Микула мали“,„Солунски атентатори“,„Мементо“,„Народен пратеник“.
.Со совојата импресивна комична трансформација како и со толкувањето на улоги на „народен човек“го истакнувал најдоброто од себе искристализирано чувство на актерска совршеност.Добитник на многу награди и признанија,„АВНОЈ“,„11 Октомври“,„Бранко Гавела“,„Орден на заслуги“…Почина на денешен ден во Скопје .Во спомен и незаборав на актерот со 100 лика востановена е и награда за животно дело„Петре Прличко“. СЛАВА МУ
Благодарност до Анита Даева, од Филип Втори, кај Жан Први…
Посетено 6.350 пати