ЈАНА СОКОЛОВСКА
Станувам и прво го гледам телефонот, со кој што сум во една стабилна и многу убава љубовна врска. Башка, мејл прво ѕирнат на телефон многу помалце нервира кога после ќе го отвориш на компјутер. Наоѓам пораки од мајка ми со содржина „прво овошје, па кафе“ и „те молам да ги оставиш цигарите“, правам кафе, одам на тераса и не ги оставам цигарите. Обврските ми се врзани со компјутер, дел гледам да ги завршам, а дел, како и секој нормален човек гледам да ги оставам за утре пошто „и онака денес може да врне“. Денес на мое големо задоволство, нема да посетам ниеден шалтер и нема да разговарам со премногу луѓе. Ќе си направам второ кафе и ќе учам француски.
Посетено 1.167 пати