Си замина Петре, момчето од Којник пред точно 24 години….

– Извадок од книгата „Облечен човек“ на Игор Џамбазов

Некаде на крајот на летото 95­то, дедо ми Петре легна на смртна постела. И никогаш повеќе не стана. Често одев да го видам, ама немаше што многу да се види. Еден стар боем кој стигнал пред самиот крај. Ама не сака да го признае тоа, иако жолтилото на неговото лице изгледа како нападна, погрешна и лоша шминка.

Деновите му беа одбројани. Само се чекаше моментот кога ќе ја одигра смртта во живо, па ќе ја каже репликата што ја кажува пред да го обесат за камбанаријата, во мојот прв, а неговиот стоти филм „Македонскиот дел од пеколот“. И откако ќе му го стават јажето околу вратот, тој вика:

„Е па, збогум, свету посран. Еби се сега сам, без мене.“

И тоа се случи многу бргу. Се сеќавам, како вчера да беше пријателе мој, таа година веќе традиционално, го водев „Златното славејче“. Универзална сала.

Седум дена, десет милијарди деца. Игравме по три, а некогаш и по четири претстави на ден. Е, тоа е стрес, пријателе мој. Цела недела да ја поминеш со сто деца зад сцената, уште десет илјади во публиката, плус татко ми Џамбаз.


Јас таа година, според сценариото, бев „глупав водител“, па правев триста керефеки на сцената. Децата полудеа. Божем не разбирав апсолутно ништо, им ги грешев имињата на децата и песничките, а сите познати детски бајки и басни ги кажував тотално погрешно.

„Црвенкапа тргнала низ шумата да сече дрвааааа…“.

А илјада деца врескаат:„Неееееееееееееееееееееееее…“

„И Црвенкапа ја сретнала Снежана со четирите прасиња…“

Децата во делириум:„Неееееееееееееееееееееееее…“

„Па дошол принцот, ја бакнал бабата и така среќно си живееле до крајот на животот, заедно со седумте џуџиња.“

Публиката во екстаза.

Татко ми Џамбаз уживаше повеќе од децата.

Тој ден игравме попладневна претстава. Беше некој студен ноември, градот пуст, како умрен, сите седат по дома… Единственото место во градот кое можеше да се пофали со позитивна атмосфера беше нашето детско катче. Тоа беше журка проследена со ширум отворени детски очи, плус нивната најскапа и најслатка насмевка. Единствената, детска насмевка, која толку невино, ама сосем точно знае да ја изрази радоста на живеењето.

И некаде на пет песнички до крајот на фестивалот, стоев на сцена меѓу дечињата од хорчето на „Славејчето“. Марширавме во место и заедно со изведувачот пеевме на рефрените од новиот детски хит.

Во еден момент, сосем случајно погледнав на десната страна. Видов како директорот на „Универзална“, стариот, добар чичко Предраг, ми дава знак да излезам од сцената. Околу него наредени сите оние што беа зад завесите. И сите со наведнати глави.

Веднаш знаев, пријателе мој. Знаев дека дедо ми 5­ре го отерал светот во три пички мајчини. Дојдов до чичко Предраг, а тој само ми го потврди сомнежот.

„Отиде Петре…“

Си замина дедо ми. Отиде тивко и немаше потреба да бара дозвола за влез во легендите. Тој таму беше одамна.

Си замина момчето од Којник. Тоа ти е, пријателе мој, она мало брдо над градот Велес, преполно со стари улички од калдрма и трошни куќички кои сè уште не му се предаваат на безмилосното време, од каде што дедо ми 5­ре, како голобрадо момче, му се приклучил на еден од многуте патувачки театри кои во тоа време поминувале низ градот. Избегал со патувачкиот театар на Михајло Лазиќ, еден од тогаш најпознатите во Кралството. Заминал, цврсто решен театарот да стане неговиот живот. Ама, и да остане…

Најсмешно од сè, пријателе мој, беше фактот што дедо ми 5­ре не знаеше точно кога е роден! Да, да, добро прочита… (за продолжение на приказната – кликни овде)

Посетено 11.594 пати