Не чекај да дојде утре… За да му кажеш колку многу го сакаш..!

Не чекај да дојде утре…

За да му кажеш колку многу го сакаш..

Немој да чекаш, не знаеш утре што носи и каква ќе биде утрешнината..

Си ја избрала љубовта да ти биде ѕвезда водилка во животот а сега упорно се скриваш зад сопственото јас и бараш изговори.

Го тераш инаетот да заживее, а срцето ти се стега при секоја помисла на него..

Не чекај !..

Животот се мигови на среќа, животот е љубов..

Ако ја нема среќата и љубовта, зарем нешто друго ќе вреди?..

Немој да чекаш и деновите да ги полниш со воздишки, прашувајќи се дали да го завртиш бројот што го знаеш напамет, или да погледнуваш секогаш кога ќе светне семафорот на љубовта покажувајќи ти зелено светло..

За да поминеш белата зебра на несигурноста и да појдеш кај него.

Знаеш дека неговата прегратка силно ќе ја стегне твојата, знаеш дека него си го избрала од илјадниците други кои си ги сретнала..

Знаеш дека во неговиот поглед го читаш своето јас, кое заедно со него ја пишува вечноста..

Дали знаеш дека утрата имаат поинаква боја кога ќе се разбудиш во негова прегратка?

Дали знаеш дека тогаш душата тивко ти шепоти..

Оди будалче..

Не чекај да поминат години..

Оди и не врти се назад во својот едноличен и монотон живот..

Оди и разбуди го тоа што спие во двајцата..

Сама напиши го својот роман во кој главна улога ќе биде љубовта со јагоди и шлаг..

Љубовта со салата и узо, љубовта со палачинки и крем..

Љубовта која ќе го полни стомакот и ќе се смее во погледите..

Љубов која ништо не ќе може да ја надживее освен вие двајцата..

Оливера Ширговска

Посетено 388 пати