Сите што би напишале книга за еден ден, ги молам да го остават тоа на професионалците!

Една моја добра другарка и вистински љубител на книгата во една прилика ми рече: „Да расплачеш некого преку книга е најлесно, ама да насмееш е многу потешко“.

И во право е. Впрочем, живот пише романе, јел да? Сите имаме приказна која е трогателна, срцепарателна.. и сите мислиме дека токму нашата приказна е вредна милион долари.

И навистина е.

Па, пробајте да ја напишете… ама, не ги потценувајте професионалците со: „Јас ако седнам, ќе напишам книга за еден ден.“ Пошто нит е лесно, нит е возможно…

п.с. Не сум ни јас професионалец. Ама бар знам колку можеш да напишеш за еден ден… 🙂

Марија Прличкова

Посетено 135 пати