Холивудски фитнес трансформации: Кристијан Бејл
Од машинист кој пати од инсомниа до Темниот витез – драстичните физички промени на актерот Кристијан Бејл му донесоа филмски улоги коишто не се забораваат
[fblike]
Култните филмски улоги на Кристијан Бејл содржат многу повеќе од добра глума. Тие најчесто се пропратени и со драстични физички трансформации. Највпечатлива негова физичка промена, беше во филмот Машинист, кога за четири месеци тој требаше да изгуби скоро 30 кг. За некој којшто има многу килограми плус, оваа задача можеби и не е толку тешка, но за некого кој има нормална телесна тежина, ваквиот пад значи загрозено здравје. Бејл ги изгуби потребните 30 килограми со една ригорозна диета – секој ден, во тек на 4 месеци јадеше една конзерва туна и едно јаболко. Овие две намирници содржат околу 200 калории дневно, а неговото мени беше заокружено со црно кафе и вода.
За да го заштити здравјето, Бејл секој ден внесувал витамински суплементи.
Со цел да изгуби повеќе килограми за пократко време, тој напорно вежбаше интензивни кардио вежби, во комбинација со интензивни вежби за сила и издржливост.
Како машинистот стана Темниот витез
Суперхеројот Бетмен не е како останатите суперхерои, бидејќи тој не поседува супермоќи. Тој својата сила да се бори со злото, ја добива од силата на своето човечко тело. Токму затоа, за потребите да се „влезе“ во ликот на Бетмен, Бејл мораше повторно да направи драстична фитнес трансформација.
Начин на исхрана: јадеше на секои 2 часа, балансирана исхрана полна со протеини, јаглехидрати и масти и тоа во соодност 1:2:3 – 1 дел масти, 2 дела протеин и 3 дела јаглехидрати.
Фитнес програма: експлозивни power движења, вежби за агилност и брзина, тежински тренинг во комбинација со сите познати power вежби клекнувања, скокања, вежби на вратило, стомачни, тегови, склекови, војнички вежби.
Посетено 428 пати