Римел ја прогласи Кара Делевингне за нов бренд амбасадор
RIMMEL ЈА ПРОГЛАСИ CARA DELEVINGNE
ЗА НОВ БРЕНД АМБАСАДОР
Rimmel London прогласи возбудлив нов додаток во своето портфолио на бренд амабасадори. Мулти-талентираниот Британски модел и актерка КАРА ДЕЛАВИН се приклучува на Rimmel фамилијата. 23 годишната Лондончанка ќе блесне во адвертајзинг кампањите за иновативниот декоративен бренд.
Позната по нејзиниот цврст изглед и тренд-сетерски стил, Кара е природен избор за да го претставува Rimmel. Покрај нејзиниот феноменален успех како модел, таа е исто така талентирана актерка на која и претстои брилијантна кариера. Кара е инспиративна девојка со база на фанови од преку 36 милиони следбеници на социјалните медиумски платформи.
Говорејќи за нејзиното ново партнерство со Rimmel London, Кара коментира: “Чест ми е да соработувам со Rimmel London. Rimmel е мојот прв make-up бренд со кој се запознав кога бев тинејџерка. Јас сум комплетно девојка од Лондон и Rimmel London вистински ги отсликува космополитските стилови на убавина.”
Johanna Bussinelli, одговорен Маркетинг претставник на Colour Cosmetics во Coty, вели: “Cara Delevingne совршено се вклопува во карактерот на тренд-сетерскиот бренд Rimmel со својот храбар и модерен изглед, беспрекорно чувство за мода и став полн самодоверба дека вистинската убавина доаѓа одвнатре. Cara е на глобално ниво препознатлива по нејзината индивидуалност. Таа ќе биде моќна поддршка на брендот која ќе инспирира нови генерации на жени и ќе прикаже поразлично лице на еклектичниот London look.”
Montse Passolas, Вице Претседател на Глобал Маркетинг при Rimmel London, вели: “Посебниот изглед и уникатното чувство за стил кое го поседува Cara Delevingne комплетно се вклопуваат во персонификацијата на Rimmel cool. Поседувајќи повеќе таленти и бестрашен дух, таа е вистинска инспирација за малдите жени насекаде во светот. Cara исто така има масовни следбеници на социјалните медиуми, преку кои Rimmel ќе може да допре и да говори со своите поторшувачи. Таа е вистински Британски Амбасадор и фантастичен партнер за брендот.”
Посетено 466 пати