Тој ми сервира надеж за појадок, насмевки за ручек и страст за вечера

 

Тој ми сервира надеж за појадок, будејќи ме со бакнеж во чело, затоа го сакам, ми кажува дека ме сака и кога самата не се сакам.

par dorucek

Тој ми сервира насмевки за ручек, ми кажува дека сум имала убава насмевка, сака да ја гледа често, не ме расплакува, а тоа што не ме расплакал ме прави да пуштам солзи.

Бидејќи знаете тој што расплакува, не сака, тој што се кара, повторно не сака, оставете ги прикаските за мали деца кои кажуваат дека тој што се кара, се сака.

Мојата варијанта на ова е тој што се кара, си го ебава мозокот на здраво, а љубовта не е ебавање на мозок, друго ебавање е.

Тој ми сервира прегратка за ужина, се топам во неговите раце како коцка шеќер во жешко кафе, ме пие голтајќи ја секоја негова голтка.

Лесно му се протнувам низ грлото, можеби некогаш го печам, но издржува, а тој уште полесно ми се протнува низ душата, можеби понекогаш пече, но издржувам.

Издржувам бидејќи тој ме заситува, го смирува она кркорење на срцето гладно за љубов.

Тој ми сервира страст за вечера, ми сервира целосна голотија покриена со невидлива наметка на искреноста и ветувања, не од оние празните и лажните.

Тој ми сервира љубов пред да заспијам, за да можам со љубов да се разбудам, повторно гладна за него.

Ова утро сфатив дека никогаш нема да бидам сита од сето ова сервирање на готово, затоа и не сакам да дојде момент кога ќе речам дека е готово.

Сфатив дека ТОЈ е оној што ќе остане тука кога сите ќе си заминат, ТОЈ е оној што ќе ми кажува дека ме сака и кога самата се мразам, ТОЈ е оној што има срце кое ќе чука само за мене и никој друг.

 

 

Посетено 8.260 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!