Не дека те сакам ама фино би било да ме сакаш и ти

[fblike]

YНе дека не те сакам, ова де те сакам, но фино би било да не ме сакаш и ти, ова де да ме сакаш, се збунив целиот.
Знаеш јас често се бунам кога си во моја близина, не дека те сакам, но фина си, не дека те сакам јас, таа твоја финоча ме прави да се замислам како ти клекнам на колена и да те запросам, ова де да те излижам.
Но, не дека ме палиш ти, онака кога ќе те видам, ми се крева…адреналинот,  ми се крева и моралот, но не дека ме палиш реков, онака, кога ќе те видам во мини здолниште посакувам да бев на негово место па така да сум прилепен постојано за твојот задник.
Не дека ти е убав, онака…
Како што кажав јас сум твој дечко, ова де фин дечко, но сакам и ти да бидеш моја, ова де фина со мене, зарем е тешко тоа.
Дај ми бе жити се…шанса, дај си шанса за нова романса, не дека те бендисуем јас, туку така ми се бендисуе начинот на кој ги прекрстуваш тие твои клечки една преку друга, кога не носиш гаќи.
Не дека си згодна, но ми се допаѓа тоа што си незгодна.
Не дека сум напалена будала што е спремна да ги убие сите кои те сакаат, али не сакам да те сака никој освен јас, ова де да не те сака, пак се збунав.
Ти кажав често се бунам кога ќе те видам, а ти веќе се гледаш во мене, така глупаво, но слатко.
Мразам што си наивна, али би уживал да бидеш наивна во мојата спална, јас ќе те легнам намерно, не се секирај.
Немој веднаш да мењаш мислење за мене, не дека сакам само да те легнам, туку сакам да те легнувам цел живот, секоја ноќ до крајот на мојот ебан живот, да те изебам, а потоа така легната да си заспиеш како мече, па јас како џентлмен да те покријам да не ти студи.
Али не дека те сакам, онака колку да не ми настинеш па да трчам по болници.
Не дека сум папучар и трчам по девојки, али за тебе би истрчал маратон и би победил, бидејќи имам кондиција и сакам да победувам, не дека сакам да те инпресионирам, туку така, онака.
Не замерувај на речников, не дека го немам, но сакам да се изразам слободно пред тебе, сакам да те зафатам, да не бидеш слободна, не дека те сакам, туку онака, бидејќи си фино девојче.
Нема фино да те заебам како сите пред мене, ќе се обидам фино да те заеебам, да ти биде убаво.
Али пак ќе речам не дека те сакам ја, али али фино би било да не ме сакаш и ти мене, како што те сакам, ова де не те сакам јас тебе девојче.
Сега се разбравме ли или треба да ти повторам се?
Ако треба да повторам не ме терај жити се, пак ќе се збунам целиот.

mondivi bel

Посетено 5.820 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!