Едно е да си самоуверен, друго е да си препотентен

Луѓето често ја мешаат самоувереноста со препотентноста, односно не ни знаат дека наместо самоуверено и силно, делуваат препотентно и одвратно. Бидејќи реално едно е да си самоуверен, а сосем друго е да си препотентен.

Ова се 4 ГОЛЕМИ разлики помеѓу самоувереноста и препотентноста кои мора да ги препознавате и да не ги применувате доколку не сакате да делувате одвратно.

1. Самоуверениот прифаќа комплимент, препотентниот бара уште еден

Ако му кажете на самоуверен човек дека завршил добра работа, тој ќе ви заблагодари и ќе се потруди да ја оправда вашата доверба, свесен за своите квалитети.

Но, ако му кажете на препотентен човек дека завршил добра работа, тој наместо да ви заблагодари ќе ве праша дали се сомневате со човек како што е тој, свесен дека самиот се сомнева во себеси додека го изговара ова.

2. Самоуверениот признава дека погрешил, препотентниот ти ја префрла тебе вината

Кога самоуверен човек прави грешка, свесен е дека покрај своите квалитети има и недостатоци кои можеби се причини за грешката.

Тој ќе признае дека погрешил и ќе се извини, бидејќи знае дека грешките го прават подобар!

Препотентниот пак кога ќе направи грешка, се фрустрира и веднаш смислува како да ја префрли вината на некој друг.

Тоа укажува на незрел, нестабилен човек кој не знае како да превземе одговорност за своите постапки.

3. Самоуверениот чекори до тебе, препотентниот се обидува да чекори пред тебе

Самоуверениот ќе подели се што има со тебе доколку си чесен спрема него, тој секогаш ќе те влече тебе во нагорна линија кон успехот и ќе чекори до тебе без да те потценува.

Препотентниот секогаш ќе се обидува да чекори пред тебе, само за да ти докаже дека има поубав задник, подобри чевли, побрзи нозе, подобар став…

Вистински самоуверен човек не го прави тоа бидејќи знае дека можеби е подобар, но не мора да го истакнува истото и да прави другите да се чувствуваат потценети.

4. Самоуверениот ја дели среќата и тагата со тебе, препотентниот ништо не дели освен критики

Самоуверениот ја дели среќата и тагата со тебе бидејќи знае дека  споделена среќа е дупло поголема среќа, а споделена тага е дупло помала тага.

Препотентниот освен критики не очекувајте да сподели ништо друго со вас.

Доколку се пронајдовте во препотентните, започнете да работите на себе и бидете самоуверени на правилен начин.

Едноставно не чекорете низ светот како да го владеете, чекорете како да не ви е гајле кој го владее, а вие си крцкате, тоа се вика СТАВ на самоуверен човек!


Посетено 2.807 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!