Во екот на празниците, едно куче заврши со петарда во задникот, каков „побожен“ народ шета по земјава…

Пред два дена, во Штип се случи немил настан каде недолжно куче настрада од „коледари“ кои му ставиле петарда во задникот.

Дали ова е нормално за било кој ден во годината? Не! Ниту ќе биде!

Како е можно некој да го слави најголемиот и најубавиот празник во годината, Божиќ, кога спроведува болка на невиното и немоќното? Како е можно некој да се крсти в црква, а прави вакви гревови? Како е можно некој со мирна свест да оди по улиците? Како е можно некој со мирен сон да спие? Како? Мене не ми е јасно.

Нема ништо што друго да кажеме, освен да се сложиме со Отец Пимен, кој рече: Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го споменувате напразно Името Божјо.

Како што за Коледе, се повикаа многумина да кажат дека тоа не биле христијанските деца оние кои расфрлаат портокали и јаболки, а бараат само паритака веројатно и сега ќе се најде некој да каже дека можеби ова не се христијани, можеби е некој друг.

На крајот од денот, сеедно е кој го направил тоа. Всушност, психопат е психопат, без разлика на вера и националност. Психопат не се станува, психопат се раѓа. Погледнете документарци за најголемите злосторници и ќе видите дека од деца малтретирале животни. Можеби кога родителите би го однеле ваквото дете на психијатар, би се променило нешто, отколку со рака да прекриваат сонце.

Инаку, во Штип не е прв пат да помниме немил настан, многумина од активистите и љубителите на животни, се сеќаваат на кучето Бренда кое беше еутанизирано откако група граѓани се пожалиле од него.

Туку, да се вратиме на кучето… Активнистите кои ја објавија фотографијата на својата фб-страна – Здружение за заштита на животни од Штип ,,Живот“, бараат најстрога казна за сторителот. Под нивната објава тие напишаа:

,,На пречек на овој голем празник, вие правите најголеми антибожји дела, па ми палете огнови, па постите, па бакнувате крстови, па го славете раѓањето на Христос, па ми глумите лудило!!!
Не, ситни луѓенца, оган не се пали за да се нажлокате и да ждерете, а уште помалку да усмртите кутре ставајќи му петарда во г…, пијаници некои безобразни никакви!!

Станува збор за ,,коледари” позади Елкос“ (место во Штип), додадоа тие.

Го молат секој што знае некоја информација плус, да го пријави сторилот, а за тоа ќе добие соодветна парична награда. Па, еве еден апел до сите луѓе кои случајно се нашле на „местото на злосторството“.

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 9.254 пати