Коледе се претвори во машина за пари, каде е радоста за Христовото раѓање? Жални фотографии…

Оваа година прв пат пречекав коледарчиња, среќата беше огромна… Селфи не направив, а ниту лајф/видео пуштив. Имав трема… но, изгледа сум пораснала и сум ја надраснала 🙂

А потоа на Фејсбук ги гледам овие слики погоре…  

Зарем некому му е важно кој што дал и колку? Децата најмалку треба да гледаат материјално!

Не е битно каде е и кои се и колкави се… ама се додека материјатлно владее над духовното, од своите деца ќе правиме роботи, а не наговестувачи на Христовото раѓање…

Дали вие како родители им ја објаснивте поентата на овој традиционален настан? Дали вие на своите деца им објаснивте зошто одат по куќи и ја пејаат веселата песна „Коледе леде…“? Дали вие им раскажавте како беше во „ваше време?“ Дали сега сте посреќни откако видовте како вашите деца ги расфрлаат пакетчињата и овошките кои претходно некој го радост ги подготвил за нив?

Во ова време-невреме кога секој се обидува да скрпи крај со крај, двои од сопствената уста за да му подаде на друг, заслужува шамар од овој калибар? Шамар од дете кое дошло по пари, а да ја соопшти радосната вест!

Добро бе, како не ви е срам вам, родителите? Како не ви е срам вака брутално децата да ви се однесуваат, испаѓа како да просат „Боже ме опрости“… за жал.


Парите се најнебитни, јас кога одев на коледе, обично 100-200 денари имав собрано што важеше за одлична сума пари особено што си дете и ќе ги потрошиш на куп глупости без да ги замраш твоите. Но, радоста… смешките, догодоштините се оние кои ќе се раскажуваат уште со години. Одев на коледе до 16 години. Ма, не постоеше нешто што ќе ја заменеше мојата радост… мкневме торби по неколку пати… натака-навака, ајде уште две-три улици. Како да добивавме адреналин, чинам.

Дома отваравме и се проверувавме! Кој што ни дал, дали ќе печеме костени, дали мама ќе прави пита со јаболки, колку бонбони има и точно се сеќаваш од кого е киндер-чоколадото. Времиња, прво брат ми, па јас. Некогаш истовремено, но кратко. Тој си беше поамбициозен со другарите, ние девојчињата покроце.

Муабетот ми беше, децата не се роботи, децата не треба да гледаат материјално на работите… еднаш имаат живот, еднаш имаат детство… нека го поминат саглам ко што треба, а не да ги „пораснувате“. Ако Доријан го фрла пакетчето не значи дека и Давид треба и обратно. Ако Миа ги фрла јаболките, не значи дека треба Ана да ја послуша и обратно. Барем мене така ме учеа…

Ова е помалку од случајно паднати пакетчиња и овошки…

Колеедее!

М. Прличкова

Сликите се преземени од личен профил на Фејсбук од една дама 🙂

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 47.478 пати