И после Идриз, Бренда!

Прво да ве прашам вака сабјелчки, ДОБРО БЕ ПИЗДА ЛИ ВИ МАТЕРИНА, остана ли некој нормален во државава?
Не мислам озбилно, остана или сите колективно што останавме во државава да ги спакуваме куферите и да си заминеме, со се гаснење светло за крај, со се све.

Ви дојде едно куче да убивате? Ви дојде за едно куче да пишувате статија небаре пишувате за некој педофил, манијак, сериски убиец? Да пишувавте за све, ќе цветаше државава, ама буквално ќе цветаше!

Прво се смеев на текстот, т.е. на насловот на текстот, не планирам да трошам време на било каква бљувотина, простете немам толку време на располагање. За да моето смеење другиот ден ми се одбие од глава! Кога го дознав името, постоењето и згаснувањето на кученцето што врши терор.

Се викало Бренда. 7 години живеело на иста локација и ги штитело мештаните. Имало само 3 нозе, значи без една нога. Според сите сознанија, мислам дека требало и јавно да се линчува, опасна била навистина! (саркастична сум)

Вие, ценетата новинарска фела од градот каде што случајно ме поврзува само едно семејство односно една главна личност, многу ви беше тешко претпоставувам да се распрашате. Ама нели, куче е бе, што го вртам, јас имам ноктиња кај Цеце после статијава да правам. Што му се замарам.

Да ти се плукнам и у ноктите и у прстите што куцаат без да помислат. Има ли тоа нешто душа? Или ајде, кому иде. Да се напише некоја тешка измислица. Лето е, не мисли авторката на текстот да се поти по жештиниве правејќи репортажа за како живеат мештаните, со какви вистински проблеми се соочуваат, дали на некој сограѓанин му е потребна помош, дали некое куче/маче е повредено и му треба помош (вистинска помош), дали се соочувате со канализациски проблеми, лоша инфраструктура, лошо здравство, дали има лекови за сите, дали има амбулантни возила доволно, дали можеби се гушите од некаква депонија, дали можеби имате 1001 поголем проблем од Бренда? Сериозно, од куче со 3 нозе?!

Да ја употребивте оваа моќ, што ја постигнавте со еутаназија на едно кученце, за некои посериозни теми кои навистина заслужуваат третман како на пример: да организиравте собиранка за чистење на некој смет/шут/депонија… Сигурно ја имате. Да организиравте евент за собирање парични средства за некое болно детенце. Да организиравте некоја хуманитарна акција за било што, да пишувавте за глобалното затоплување, да пишувавте за младите таленти и за све што ни пропаѓа во државава!

Ама не, на вас до Бренда ви дојде!

Посетено 1.424 пати