Таму е Македонија

Фото: Анте ЈосифовскиФото: Анте Јосифовски

Онаму каде што…
– ракија и вино се пијат со мезе за циркулација,
– наместо свеж зеленчук се јаде препечен пипер и конзервирана туршија,
– а мрсно месо се внесува за подмачкување на цревата,
– каде што комшиите знаат повеќе за тебе отколку ти самиот,
– и каде што се живее за „што ќе речат комшиите?“,
– каде што жените ги тресат чаршавите со трошки од тераса на трети спрат,
– а мажите ноќе скришно фрлаат старудии на диви депонии, наместо на отпад,
– каде што пациентите знаат повеќе за дијагнозите и терапиите од лекарите,
– а најефикасните лекови се домашните: бабини деветини, оцет и свинска маст,
– каде што домаќинките по кујните чуваат повеќе празни отколку полни пластични кутии од сладоледи и колачи кои никогаш нема да ги употребат,
– а домаќините повеќе алати, клучеви и машини отколку што можат да именуваат,
– каде што на децата им се купуваат облека и обувки бар за два броја поголеми, зошто ако им се точни ќе им омалнат и нема да можат да ги изнаносат,
– каде што жените трошат на шопинг повеќе отколку што заработуваат,
– а мажите возат коли сто пати поскапи од платата што ја примаат,
– каде што не е срамота домаќинката од комшиката да позајми кафе и шеќер зошто ја мрзи да оди до продавница,
– а домаќинот од првиот комшија цело лето да ја позајмува косилката за трева зошто својата секој месец ја купува,
– каде што секој секого озборува, а потоа секој со секого најнормално си зборува,
– каде што секој секому завидува, а никој никому не признава,
– каде што на сите новчаниците им се празни, а секој секому на заем дава, секој секого части и бакшиш остава,
– каде што да се нема ручек може, ама да се нема за лав муабет уз кафе не смее,
– каде што секој има кредит за исплаќање и секој секому му бил жирант, ама пак, малку е потребно за среќа и со малку убаво се живее…

….таму е Македонија!

Калина Коси

Посетено 8.589 пати

Website https://gogoanime.be: Watch Saikyou Bushouden: Sangoku Engi gogoanime Episode 5 boku no hero academia gogoanime

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Website https://twistmoe.net: Watch Gilgamesh (Dub) twistmoe Episode 26 twist moe

Macross Zero (https://animebee.to/m/364d) Episode 5

Bitrated: https://www.bitrated.com/animefreakws

Docs google: https://docs.google.com/drawings/d/1buZI4vghUa0vV840-xmrPNyDyTZ6q7jSW7MgqOhLGX0/edit?usp=sharing