Скопје, ти си љубов дури и во овие тешки карантински денови!

Добро утро!

Ова утро и те како е посебно, првиот 24-часовен дневен карантин уште од рано изутрина. Птици распеани, како да ја свират најубавата мелодија на надеж… лаеж на кучиња кои не’ враќаат во реалноста, но убава реалност со живост во неа и понекоја кола која не’ потсеќа како звучат автомобилите за случајно да не го заборавиме нивниот звук.

Нема магла, има пролет. Нема сцени од Хичкок, туку силно светнал ден. Сонце огреало за век и векови, а јас проклето толку инспиративна… Па, како да не ги сакаш ваквите утра?

Наместо неатикулисани звуци, звуци на бесни спортски мотори и брзи автомобили кои дрифтаат среде Центар на прометни улици, јас го слушам звукот на природата и прекрасен е.

Ме тера одново и одново да се заљубувам во Скопје, моето родно Скопје. Ме тера да се вратам години наназад, во детството…. ги чувствувам како вчера беа.

Се реинкарнирам чувствувам, и знам дека на крај добро ќе излезе… само се што треба е да се стрпиме. Планетата се реновира, ние се реинакарнираме, животните си ја враќаат природата и ни возвраќаат на ударот.

И само се молам, овој мир и спокој да останат… и после пандемијата. Иако чисто се сомневам, човечкиот ген е таков. Повторно ќе руши, ќе се одмаздува, ќе прави апсолутно се’ што е против секој закон на природата… А планетата, планетата немоќна ќе пишува продолжи да пишува нови и нови сценарија…

Чувајте се и седете дома. Ќе се вратиме во живот, секако… но кога Париз, Лондон, Милано, Њујорк стивнаа… можеме и ние. Верувам…

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 218 пати