Колумната што требаше да биде статус!

Фејсбукот вчера крахираше, половина луѓе беа во шок небаре останавме без најосновните средства за живот. И во тој момент, сфаќаш колку виртуелниот прозорец кон светот зазел место во нашиот живот.

Вчера бевме на Бејби (видовте и фотки), но не ја сликав претставата… Туку една минута пред неа. Затоа што посакувам да уживам во моментите… Наместо да ја гледам преку објективот небаре тоа ми е работа (за чест на исклучоци разбирам… Новинари, најблиски итд.)… Но, живејте го животот, луѓе.

Оние кои редовно ме следат на Фејсбук, па после се жалат дека многу сум објавувала, сега ќе кажат: Е да бе, ти ќе ми кажеш. А ти, што правиш? (Она типично балканското). Е па луѓенца, имате опција да ме отследите, ако не… скролајте ме, ама па од друга страна и не ми ги крадете статусите… Аманте… Божем па не знам што се… Обични се, од дна срца и душе се…

Точно да сум била милион пати патетична, хистерична, несфатена, нервозна, лута, депиримарана, депресивна, анксиозна, потиштена, секојдневно заљубена…

Но, како созревам така се помалку сакам да го ексонирам својот живот на Фејсбук и на Инстаграм, а тоа е само затоа што заборавам да сликам… Да, заборавам да сликам.

Емил е воглавно тој кој сака да ме фотографира или му викам: Ај, сликни една за спомен…. Ќе поминат месеци и оп: Еј, ај ќе ја ставам… Одамна ништо не сум ставила.

Нејсе, да се вратам на она со моите емоции… На крајот од денот, што и да напишете… ставете си во глава дека на никој не му е гајле. Во моментот, ќе се појават ликови што ќе ве прашаат како сте, што сте, што ви се дешава, ќе ве утешат… Човечката природа е таква да му укажеш на човек прва помош во било каква прилика… Но, ќе поминат ден-два… статусот залутал во заборав, сите заборавиле дека ти во вторникот си била депре или како год.

И не треба да се лутите, луѓето имаат свој живот надвор од Фејсот. Сите тие имаат семејства, блиски, што си ги сакаат и ценат. Имате и вие, ма колку и да не ви го прикажуваат тоа јавно.

Од обичен статус, ова прерасна во колумна, како и целиот мој живот кој е базиран на филозофија. Тато отсекогаш ми зборувал дека сум тежок филозоф. Јеби га… Таква сам – каква сам.

Не знам ни ја самата на кого сум. Иако отсекогаш сум знаела дека сум типична Прличкова, уметничка душа, сепак и Стојкоски (фамилијата на мајка ми) оставиле силен печат врз моето размислување и начинот на живеење како адолесцент.

Така што сега сум вистински плод на двете семејства. А, зголемената дружба со Иги, ми покажа колку за некои работи сме слични и помалку различни.

За крај нели секој есеј треба има заклучок, мојов е проткаен низ целата колумна… Зарем е потрбно се уште филозофирање?

Посетено 643 пати