Мамо исклучи го бојлерот

bojler_majkatiitatkotiСонце злопамтило
……………………………….
Вчера бев на врв на Водно
Никогаш не сум го видел сонцето од толку блиску
и земав да го гаѓам со камења, си пикавци, го пцуев
„Што ти е на тебе, што ме закачаш“- ме праша
„Те провоцирам да се симнеш“
„И што ако се симнам?“
„Ќе те врзам и ќе те затворам во гаража“
„Зошто.. што лошо сум ти направил?“
„Затоа што повеќе сакам темница и студ“
„Па што не идеш во Норвешка?“
„Немам пари“
„Ај качи се, кога ќе поминувам над Норвешка
ќе те спуштам“
„Да?.. ќе ми направиш таква услуга
и покрај тоа што те провоцирав?“
„Секако, не сум јас злопамтило“
Ми пушти еден зрак, го обвитка околу мене
и ме повлече
Само што стапнав на него ми стана јасно дека ме заеба,
толку беше врело што 1,5 секунда горев во страшни болки
и после ПУФФФ, едноставно се стопив, ме снема.
Сепак е злопамтило, пазете се од него
ПС.. Мамо исклучи го бојлерот, не се враќам више дома

Посетено 684 пати