Карантински песни на Јовица Ивановски – Теретанки
Самит на целулит.
Средовечни стрини со стрии.
Прска како кога се пржат чварки.
Тони сало во безуспешна борба да си
ја повратат младешката мускулатура.
По една справа за секој дел од телото.
Испарува дебелината, се топат образите.
Успеваат само најупорните, но сега
изгледаат збрчкани како шар пеи.
Сеедно, важно се ослабени.
Теретаната некогаш е костур на
слабеењето, некогаш само мала
предигра кон лифтингот.
Сеедно, во неа треба да се влезе
со леснотија, а да се излезе
без тешкотија.
27.03.2020
Првата песна може да ја почитате ТУКА
Посетено 388 пати