Ако почнам јас жалбите и поплактите за животецов, ќе престанеш ли ти со твоите?

Одамна не сме читнале, што поради немање време, што поради фокусирање на други ствари… и за денес, одбрав да пишувам за вечните жалачи… сите имаме најмалку по еден таков, а можеби и повеќе. Комшивка, другарка, братучетка, сестра… не бира… и сите имаат една заедничка страна: лоши сослушувачи се. Вие можете да ги слушате со часови нивните жалби и поплаки… како Наде ја унапредиле, а нејзе се’ уште не… како Кире веќе не ѝ обрнува внимание, како Лиле си нашла подобра другарка…

А, ние ко ние. Совршени суштства јер нели човекот е најсовршеното нешто на планетава. Совршен е да лаже дека те сака, цени, почитува, сослушува… Совршен е да ти закова завери, да ти забие нож во грб, да те изнаоговара на половина град, ептен е соврешен. А, јас… одбивам да бидам совршена за толку несовршени нешта.

И да се вратиме на темава, за совршенствово во наредна прилика…

Дали ако ти кажам дека Наде се изборила или пак Наде спие со шефот тебе ќе ти смени нешто? Дали ако ти кажам дека Кире работи две смени за да те прехрани тебе и двете деца и потоа е мртов уморен да јаде, а не па да има секс и дали мислиш дека ќе ти смени нешто ако ти кажам дека со Лиле имате толку малку сличности што е чудо што сте се дружеле и толку.

Ќе смени?

Не,

Ти ќе продолжиш да мелеш празна слама несослушувајќи што имам јас да кажам. И ќе речеш: „Добро, арно ми велиш, така ќе направам“… за следниот разговор пак да се сведе на истото.

А секому здосадува.

Дали ако јас ти се јавам во ниедно време и ти кажам дека светот ми се рапаѓа пред сопствените очи, не знам од каде попрво да го средам нередот во мислите, станот и канцеларијата… Дали ако ти кажам дека работам деноноќно да не ја изгубам работата, се трудам да воспоставам баланс помеѓу неа и семејството, ќе ти смени нешто?

Дали ако ме исцицаш толку многу и јас би станала емоционален вампир цицајќи ја твојата крв и крвта на другите?

Ќе смени. Нема да ме слушаш, ќе продололжиш како ништо да не било, како мене ми е совшрено лесно, а тебе претешко. И во право си. Мене ми е совшрено лесно затоа што никогаш не ти ја открив тежината која ја носам… а, не ти ја кажав бидејќи нема да можеш ниту да ми помогнеш… напротив.

Ќе ти станам репер за „денес ми е подобро од нејзе што ѝ е…“; „каква среќа имам јас…“…; „јас каква другарка имам, е нејзе што ѝ се деси да знаеш“. И со право. Затоа што со тие мубаети и ти правиш да сум посреќна што ја немам таа „несреќа“.

*текстот не е наменет за никого, доколку некој случајно се пронајде во него, тоа е чиста коинциденција.

Марија Прличкова

Посетено 574 пати