“А зошто да не фрламе? Зошто земаат плата вработените? Нека чистат…”

Шокирана од глетката кон ѓубрето расфрлано под прозорците во студентскиов дом, триста прашања ми се свртеа во главата: Прават ли вака и по дома, наместо во контејнер, под прозор ли си го фрлаат ѓубрето? Нели им смета, нели им мириса? Свесни ли се дека отровите од ѓубрето самите тие го дишат? Фрлаат кога никој не ги гледа, или не се срамат едни од други воопшто, бидејќи очигледно не е фрлано само од еден прозорец? Има ли служби некакви по домовите кои ова требале на време да го забележат и спречат? Постојат ли правила за однесување во студентски дом, куќен ред, нешто и санкции ако се прекршуваат тие правила или секој таму си прави што си сака? Како е можно до овој степен на некултура да се дојде? и т.н. и т.н….

Не можам да најдам одговор на сите овие прашања, ама на едно сигурно одговорот го имам. Со ваква младина, било која држава може да има само една иднина – да стане еквивалент на глеткава… големо, пространо и смрдливо буниште!

Наместо прогресивност, активизам, еколошка свест најпрвин од вас студентите да доаѓа, наместо движечка сила, коректор и пример за другите да бидете, вие сте се вратиле векови назад! Тотална деградација на вредности и регресија… Вие сте пример за тоа како не смее и не треба да биде! Срам да ви е бре!

Посетено 2.283 пати