Сите Тие АВАНГАРДНИ УМЕТНИЦИ

За несфатените виртуози 

Облекувате бела мајца оо кратки ракави, инсталирате големо платно на штафелајот, припремате илјада канти со боја и дупло повеќе четки, бела крпа за бришење на боите и неколку литри разређивач.

Занесени во преубавата замислена слика, поминувате неколку денови во интензивно нанесување шарени слоеви на платното, бришејќи си ги рацете од белата мајца и перејќи ги четките со разрегивачот. Виртуозност во потег. По неколку дена, откако ќе ги исчистите сите четки, ќе ја соблечете белата мајца на која се измешале креативниот крик, остатоци од бои, капки крв и потта од уметничкиот труд, ќе укапирате дека мајцата е всушност поквалитетна и поапстрактна уметничка инсталација отколку платното. Само пет луѓе ќе ја разберат есенцијата на ова дело, но тоа е затоа што друѓите се стадо, толпа, неписмена багра, не доволно арт и глупи.

Посетено 726 пати