5 причини зошто вљубените парови не можат да заспијат
Доколку сте биле или веќе сте заљубени сигурно знаете за што станува збор во моментите кога не можете да заспиете заедно со партнерот. Но, зошто не може да заспиете, посебно доколку спиете еден до друг ќе ви објаснат следните 5 причини.
1. Двајцата сте возбудени постојано
Кога лежите еден до друг честите допири, прегратки и бакнежи си го прават своето, вие сте возбудени постојано и можноста да заспиете веднаш ја заменувате со можноста за секс.
Додека пак ако не спиете во заедничка постела, а сепоак не може да заспиете постојано мислите еден на друг и си недостасувате.
2. Конечно сте пронајдовте некој со кого ќе седите будни
Со поранешните партнери не ви било проблем да заспиете заедно, но тоа било така бидејќи едноставно не сте биле заљубени до уши. Сега конечно сте пронашле некој сличен на вас со кој може да спиете без да спиете заедно.
3. Бидејќи си недостигате дури и кога спиете
Пеперутките во стокам не ве оставаат да заспиете ни двајцата бидејќи едноставно еуфоријата еден за друг е преголема.
Вие си недостигате дури и кога спиете, па затоа останувате доцна во ноќта размислувајќи еден за друг.
4. Потребата за љубов ја заменува потребата за спиење
Потребата за љубов ви станала поважна од потребата за спиење, а откако ќе им се случи тоа на заљубените, тие се грижат само да ја задоволат потребата за љубов, онаа за спиење и не им е толку важна.
5. Затоа што вашата реалност е поубава од вашите соништа
Кога сте заедно, чувствувате како да сте едно, па дури и кога не правите ништо друго освен што лежите еден покрај друг.
Едноставно вашата реалност е поубава од вашите соништа и вие сакате да сонувате заедно со партнерот, но со отворени очи.
Заљубени, се пронајдовте?