Зошто е поубаво да си маж отколку жена?

Можеби да си жена има свои предности, но да бидеш маж е поубаво според мислењето на понежната популација.
men vs women_majkatiitatkoti[fblike]
Ова се предностите на мажите, кои ги тераат жените да ги мразат своите “природни“особини.
Мажите немаат менструација
Што е голема предност кај нив бидејќи не се малтретираат со влошки, апчиња за менструална болка и уживаат во сексот секој ден од месецот.

Мажите не раѓаат деца
Доволно е само да ги направат, нели? За раѓање секогаш е тука жената…

Мажите немаат ПМС
Што значи не реагираат како луди во еден период од месецот, бидејќи жените кога се во ПМС знаат да бидат тажни без причина, да се смеат без причина и да ве убијат без причина ако им одите контра.

Мажите не мора да се бричат постојано
Секако дека мажите се бричат, но и да не се избричат луѓето повторно ќе речат дека им е дозволено бидејќи се мажи.
Сте виделе ли жена со неиздепилирани нозе во мини здолниште?

Мажите не мора да ги депилираат мустаќите со восок
Што е многу, многу болна процедура, а полесна варијанта нема, бидејќи ако ги издепилираат жените мустаќите со брич ќе мора да се бричат секој ден.

Мажите не мора да носат штикли
За да изгледаат убаво и секси, мажите не мора да ја трпат болката на 15 сантиметри, доволно им е да стават добри патики и да изгледаат топ.

Мажите не размислуваат
Најдобрата предност на мажите која жените ја мразат е тоа што тие не размислуваат и не се замараат со ништо.
Ако мислите дека на маж му е важно дека ќе го откачите за излегување на романтична вечера, многу се лажете.
Тој секогаш ќе замине на пиво со другарите среќен што сте го одбиле!
Посетено 2.550 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!