Зошто треба да бидеш #НаТочак и во зима

Возењето велосипед во зима не само што е полезно за организмот,
туку и за околината. Не сте убедени?
na_tochak-i-vo-zima_majkatiitatkoti
Ќе станете посилни
Возењето велосипед во зима (неколку недели) го зголемува бројот и обемот на митохондриите што произведуваат енергија, овозможувајќи да возите подолго и побрзо пред да се уморите. Бидејќи носите повеќе слоеви облека и опрема, исто така станувате посилни и ги зајакнете мускулите во процесот.
Помалку ќе се разболувате

Истражувањата покажуваат дека оние кои редовно се активни имаат двојно помали шанси да се разболат за разлика од оние што повеќе сакаат да лежат по дома. Бонус: не седите толку долго во затворени простории каде што се множат вируси и бактерии. Искомбинирајте го ова со здрав пробиотик и добивате рецепт за одлично здравје.

Пронаоѓате мир и баланс

Посебно ако најдете некоја мирна патека, „самотијата“ може да делува супер врз вашето ментално здравје – нема потреба да се грижите за други учесници во сообраќајот. Дополнително, помали се шансите да ве фати т.н. зимска депресија.
Ќе го совладате облекувањето во слоеви
Возењето велосипед во зима ќе ве направи џедај мастер во покривање на телото со змски слоеви, практика што и понатаму ќе ви се најде корисна.
Ќе бидете подготвени за пролетта
Кога возите цела зима, едвај чекате да дојде пролет. Кога ќе се ослободите од сите слоеви облека, ќе бидете најспремни да ги освојувате велосипедските патеки во пролет.

baner-igor-forza

Посетено 473 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!