Ако се закачам, не значи дека сакам да ми го закачиш

Бев конзервативна, имав долг јазик, но го чував зад заби бидејќи не сакав никој да навредам, повредам ниту предизвикам, едноставно бев културна и кога не треба.

ako-se-zakacam-ne-znaci-deka-sakam-da-mi-go-zakacis-1

Но, сфатив дека не е морално секогаш да бидеш културен, понекогаш луѓето ќе те разберат ако зборуваш на нивен јазик, уличен.

За ваша информација сето од ова што не сакав да го правам, го правам без грешка, најдобро!

Метафори, гнасни зборови, индиферентност, конотации помешани, компарации, измислени колуминации, секс и што уште не.

Се прашувам само, зарем се уште не разбирате…

Колку текстови треба да напишам за да сфатите дека не сум НЕПИСМЕНА?

Не значи дека ако пишувам за секс, сакам да се ебам со сите, не значи дека ако користам гнасни зборови сакам да се дружам со гнасни луѓе, не значи дека ако сум отворена, сум кучка.

Ме аднува еден дечко, подобро би рекла 50 годишен дедо на Фејсбук и ми мава лајк на сите фотографии на кои се забележува моето деколте или нозе по мини здолниште.

Си викам океј уште еден манијак, ништо страшно, нека си прај ќеиф со сликите, решив да го оставам наместо да го избришам.

После неколку часа ми пристигнува порака од него – “Од каде толкава инспирација за текстовите, гледам пишуваш совети за секс, многу си директна и немаш влакна на јазик, ми се допаѓаат такви девојки, кои знаат што сакаат, ти што сакаш, ќе ми кажеш, ли…”

Седам и се чудам, кога некој ми се удвара индиректно ме фрустрира, посебно некој како овие кои мислат дека се големи ебачишта.

Море деденце, не гледаш ли дека на сликите сум со дечко, зарем мислиш дека 25 годишен билдер ќе го трампам со тебе?

Не ти замерувам, можеби не гледаш убаво, ти ослабнал видот…

Му се обратив со следните зборови – “Инспирацијата ми доаѓа од вакви клошари како тебе, пишувам совети за секс, но совет за користење на вијагра не знам да ти дадам, извини.

Директна сум и немам влакна на јазик, а сакам исто така соговорници кои се директни и немаат влакна на јазик се додека не ме скокаат со нив индиректно.

Знам дека ти се допаѓаат такви девојки, односно тебе ти се допаѓаат секакви девојки, но едно е да сакаш, друго е да имаш.

Знам што сакам, да а тоа е да ставам мини без гаќички  и да отидам кај дечко ми, ми кажа дека пред малку вежбал, па знам дека тогаш е најспремен кондиционо.

Исто така сакам да се одебиш кога не можеш веќе да ебиш. Не значи дека ако се закачам со директни зборови во моите текстови, сакам да ми го закачиш.”

Избриши/ Блокирај.

Истото важи и за било кој на било која возраст, со било кој мозок, што го нема.

Доколку една девојка е отворена и нема влакна на јазик, не значи дека сака секс со било кој клошар.

Посетено 15.457 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!