Зимска бајка во швајцарскиот хотел Гштад Палас

Легендарниот хотел со долга традиција

gstaadpocetna
Средината на февруари е своевидна пресвртница; Зимата се’ уште не попушта, но пролетта
се ближи и се осеќа во воздухот, најдобро  време од годината за да го поминете каде гостопримливоста и доброто расположение не зависат од сезоната.

Некогаш Гштад, село во југозападниот дел на Швајцарија, беше тивко и речиси непознато местенце чии жители уживаа во прекрасната природа и анонимноста. Но, сè се променил со изградбата на овој импресивен замок кој заработи статус на “најголем швајцарски  семеен пансион”.

gstaad01

Денес со хотелот Гштад Палас раководи третата генерација на истото семејство, а самиот замок е симбол на Гштад и неговите главни знаменитости, што не е изненадувачки, бидејќи тешко дека ќе најдете поубав и поудобен замок од овој. Освен импресивната архитектура, замокот може да се пофали и со прекрасниот интериер.

Хотелот располага со вкупно 104 соби, а сместувачките капацитети вклучуваат и апартмани т.е пентхауси,  а сите нив ги краси зачудувачки поглед на бернските Алпи. Лукузниот хотел Гштад Палас е идеално место за организирање низа настани, од свадби до бизнис конференции, со оглед на тоа што во замокот има пет сали со различни величини.

Без обзир на тоа што главната туристичка сезона на овој хотел е во зимските месеци, кога повеќето луѓе доаѓаат да скијаат на еден од најпопуларните светски скијачки центри, овој хотел, кој се протега над 1.800 квадратни метри, ќе ви понуди повеќе луксузни спа објекти. За повеќето со префинет вкус, хотелот нуди приватен спа апартман, сауна, соби за релаксација со поглед на планината, внатрешен базен, како и џакузи и отворен базен, модерна фитнес сала, студио за пилатес и, конечно, турска бања. Спа центарот може да се пофали со козметичките производи на брендот Beauty by Ivo Pitanguy, кој го основал познатиот бразилски пластичен хирург и кој уште во 1963 година ја отворил првата специјализирана клиника за убавина. Корисните третмани со кислород за лице и тело во комбинација со свеж воздух на швајцарските Алпи постигнуваат неверојатен ефект.

Во декември во склоп на хотелот се отвори нов Пентхаус апартман, кој е додатна, но не и задолжителна причина ,  поради која треба да го посетите овој волшебен хотел и да учествувате во најубавата зимска бајка на светот

Посетено 1.401 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!