Што се случува со мојот Драмски?

[fblike]
Кој е виновникот што мојот ДРАМСКИ ТЕАТАР се наоѓа на ова дереџе?

brod-tone_majkatiitatkoti

Трета година по ред, најтрофејниот театар во Македонија Драмски Театар на фестивалот Војдан Чрнодрински е на маргините, да не речам за “спотер” и пополнување на “дупки на истиот.
Оваа година добивме награда за текст и плакат. Искрени честитки на добитниците.
Минатата година не добивме ништо!
Предминатата исто, ништо! (ако сум грешка нека ме поправи некој)
???
Е сега се прашувам јас, а ако има некој нека ми одговори;
Кој е виновникот што мојот ДРАМСКИ ТЕАТАР се наоѓа на ова дереџе?
Со полно право можам да го наречам “мој” зошто таму сум буквално од моето раѓање. Таму поминував голем дел од слободното време додека бев во осмолетка и средно училиште и слушав за успесите на мојот Драмски ширум Југославија. Потоа со запишувањето на ФДУ полека станував дел од тие успеси и на крајот и јас бев успешен заедно со мојот Драмски.
Драмски Театар, страв и трепет, недостижност, колектив за почит, три години по ред…
Да се вратам на прашањето;
Кој е виновен?
Директорите?
Глумците?
Режисерите?
Селекторот?
Директорот на фестивалот?
Техниката?
Администрацијата?
Владата?
Опозицијата?
КОЈ???
Што се случува со мојот Драмски?
Посетено 1.341 пати