Женски рулет – четврти дел

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/objavi/zenski-rulet-tret-del/”]Прочитајте го третиот дел[/button]zenski-rulet-4_0

„Леле не ми се верува дека одиме на девојачко кај Тања!“ – радосно викна Кате.
„Потивко бре ќе не слушне дека доаѓаме, козо една“ – луто искоментира Фросина.
„Мене не ми се верува дека ќе се мажи за шупакон, ама ајде, да не серам. Никогаш не сфатив зошто не си се најдоа со Кире, најдобри другари беа, се скараа за глупост. Плус поради тој дебил Кире заврши во болница со тешки повреди.“ – констатираше Светле.
„Да бе, многу чудно, а примети ли дека после тоа ја снема и Тијана и општо целава работа некако отиде у курац?“ – праша Кате.
„Приметив, ама никад не дознав која била причината. Еднаш правев муабет со Петар, он нешто као ми спомна дека наводно Кире ги фатил Тијана и Томе како се делкаат у кола, ама некако не ми се верува бе, премногу ми е шпанска серија муабетов.“ – рече Светле.
„Односно турска серија по ново.“ – искоментира Кате и се насмевна.
„Ај доста со муабетов, стигнавме!“ – ги предупреди Фросина и заѕвони на вратата.
Тања отвори врата и остана со отворена уста кога ги виде трите другарки облечени во еднобојни црни маички со натпис „Ние сме слободни, кокошкава ја наскоро ја мажиме!“
„Добро дали сте вие нормални?“ – збунето праша Тања.
„Не сме, облакај ова одма и идеме!“ – одлучно рече Светле и ја повлече Тања за рака. „Не се секирај, Томе знае, му кажавме дека денес изненадно те носиме на девојачко така да немој да мрчиш, одиме!“
Пред да има шанса било што друго да каже Тања веќе се најде на задното седиште од автомобилот на Светле каде што Фросина почнуваше да ѝ ја соблекува маичката и да ѝ ја става новата со натпис „Ебеш, не ебеш, овој воз веќе пројде!“ и ѝ тураше чаша Џек чашка.
„Џек, а? Браво! Ептен знаеш што пијам!“ – нервозно избувна Тања алудирајќи на тоа дека Џек Даниелс беше пијачката на Кире. „Каде ме носите ако смеам да знам?“
„Не смееш! И престани да сереш, Кире ме научи Џек да пијам, а богами и тебе. А ако сте скарани не значи дека треба да го тупиш многу многу! Вечер е твоја вечер, ама во наша режија, така да не туку го тупи многу, ќути и пиј да не ти ја ѕвизнам една, козо една неизмолзена.“ – ѝ списка Фросина и со сила ја натера да се напие од вискито.
Пред да се освести што и како се случува веќе сите беа пијани дома кај Светле, маваа шатови текила, се смееја на аматерскиот танц на наводно професионалниот стриптизер, отвораа поклони и се присетуваа на спомени од минатото. Некако секој втор муабет се сведуваше на минати дружби со Кире, незаборавни мигови до раните утрински часови. Секоја си имаше по еден свој спомен со него кој не можеше да го тргне од глава. Кате најави дека е време за диско и извади четири грч ладни Ред була за да можат да живнат пред финалето на вечерта.
Како што се качуваа на сепарето Тања се стаписа за момент. Низ глава ѝ помина флешбек од последниот пат кога беа излезени со Кире на истово место. Тој ѝ раскажуваше дека веќе сè му е преку глава, дека се чувствува осамено, дека сака девојка која го разбира. Три реченици понатаму веќе спомнуваше дека она е единствената која го разбира. Ете ти пијан мозок без пречки од его што ти прави, си помисли. Знаците цело време биле тука кокошко една глупава само што тебе ти одговарало да ги игнорираш, си се прекори и силно се гризна со забите за долната усна.
„Абе зомби се направи, мори?“ – ја праша Светле која едвај се додржуваше за работ на сепарето бидејќи веќе беше препиена.
„Не бе добро сум, само ме удри флеш од минатото,“ – ладнокрвно одговори Тања сè уште зјапајќи бледо во една точка.
„Ти фали Кире, признај!“ – ја пецна Кате.
„Тебе сигурно повеќе ти фали колку што јас знам од последните настани,“ – зајадливо ѝ врати Тања. „А богами и на тебе Фросе!“
„Како па да не, ми фалел господинот. Не знам тебе што ти тресел, ама ја не се замарам со него.“ – луто одговори Кате.
„Јас па уште помалку.“ – се јави и Фросина.
„Што ве ебам кози едни глупи, мене ми фали, ете така да си знаете. Сè ова што се случи настрана, човекот си е на место и секогаш бил супер со нас. Тоа што си е типично машко и мисли повеќе со курот отколку со главата е друга работа, но како другар секогаш бил тука за сите и ниедна битна дешавка не пропуштал. Очекувам да никне ко печурче од нигде никаде секој момент…“ – почна Светле со нејзиниот монолог кога некој ја буцна за рамо. Како порачан Кире стоеше зад неа и се смешкаше. Светле писна од среќа и само се сврти да го гушне. За неколку моменти во прегратки му летнаа и Кате и Фросина, само Тања седеше настрана со израз на лице полн со лутина и стискаше силно со забите. Кире ја забележа и тргна да ја гушне. Тања го оттргна од себе неколку пати, но на крај попушти.
„Те мразам скоте!“ – му свика Тања сега веќе пијана надвор од секоја мера.
„И јас тебе глупердо една!“ – ѝ врати Кире со ист тон. „Со кој памет се мажиш со говедоно? Дали си ментално ретардирана? Дали до толку се мразиш себе си?“
„Не ми збори бе така, па! Добар човек е.“
„Добар е, да. Добар за колење!“
„Зошто го мразиш толку? Освен тоа што те претепа откако пијан си го нападнал без причина.“
„Така ли ти кажа? Без причина ли дека било? Епа, добро ко така. Се гледа дека не само што си глупа, туку и слепа си.“
„Што бе глупа и слепа. Кој ти е курац? Што збориш?“
„Кај ти е Тијана бе?“
„Од кај да знам, ја нема од мојот роденден. Претпоставував дека ми се налути поради тепачката твоја со Томе и дека е на твоја страна и не сака да нè види.“
„Тебе не сака да те види бидејќи нема образ да те види, а со Томе сигурно уште се гледаат, ама скришно.“
„Молам?“
„Што молиш? Што мислиш зошто се степав со Томе на твојот роденден? Па се дупеа кај неа во кола кога тргнав да ја барам бре! Зошто инаку би се тепал на 30 годишна возраст, па не сум тинејџер да му ебем матер.“
„Како не ти е срам да лажеш на пет дена пред мојата свадба! Толку ли ниско си паднал?“
„Што има да лажам, што добивам со тоа? Тијана ја немам видено од тогаш, не сакам очи да ѝ видам.“
„Што бараш на девојачко жити се?“
„Случајно налетав… знаеш дека сум магнет за вакви работи.“
„Знам, знам. Додека се дружевме ми кажуваше дека девојачки ти се коњак.“
„Сè уште ми се…“
„Се мажам за пет дена!“
„Ти да, ама јас не,“ – рече Кире и мртов ладен се сврти кон Светле и почна да зборува со неа. Тања го фати за рамо и го сврти пак кон неа.
„Свесен си што правиш идиоту еден бесчувствителен?“
„Што правам де? Си правам муабет со Светле. Да не е забрането?“
„Немој да ѝ растураш со Ангел, конечно е среќна.“
„Јас ништо не растурам жено, тоа се вика слободна волја. Секој си одговара за своите постапки. Јас ништо не правам со сила.“
„Ама затоа од инат вреќа сол ќе изедеш без да ти е гајле кого ќе повредиш во процесот!“
„Интересно што излегува од твоја уста со оглед на тоа што се случи меѓу нас кај тебе на роденден, а сега правиш девојачко со најголемиот шупак на светов.“
„Не си ми во кожа, не можеш да знаеш како ми е.“
„Во право си, не сум ти во кожа, ниту пак сакам да ти бидам. Ајде на здравје! И спушти ја вотката, не туку ми глуми лудило, корнеш на Џек.“
Падна здравица, падна и нова тура на пијачки. Одеднаш сè магично се заборави. Насмевки, добро друштво и вечерта летна. Кире предложи да удрат по една тура апсинт. Одеднаш на сите им снема филм…baner-igor-forza
Кире се разбуди со тапа болка во тилот. Сите коски во телото го болеа. Уште немаше отворено очи, а знаеше дека претерал и дека го чека некое лошо изненадување. Секогаш кога вака се будеше сè уште пијан имаше направено нешто страшно непромислено и глупаво. Овој пат претчувството го плашеше дотолку повеќе бидејќи не можеше да се сети ни каде е, ниту пак што се случувало вчера. Буквално му беше страв да ги отвори очите.
По некое време тапата болка во тилот се зголемуваше и веќе не можеше да издржи. Мораше да отвори очи, да стане и да се напие нешто за глава. Собра храброст и ги отвори очите. Првата реакција – шок! Беше целосно гол во неговиот кревет и од двете страни имаше по една девојка.
Не, не, не скоте, што направи сега, беше првата мисла која му пројде низ глава и веднаш ги затвори очите за да не види кој сè лежи до него. Од страв успеа да презаспие за момент, но тоа не траеше долго. Го убиваше мислата кои се девојките кои лежат до него. Триста сценарија му пројдоа низ глава, од некои случајно собрани девојки, преку помислата дека другарките спијат до него пијани и ништо не се случило, до најлошото дека успеал повторно да направи некоја глупост со тие што не треба.
Одеднаш девојката од неговата десна страна нагло стана и се стрча кон купатилото каде што истури црева од повраќање. Сега уште толку му беше страв да погледне, едноставно не можеше да се соочи со фактот дека направил уште една глупост. По некое време стана и другата девојка која исто така се упати кон купатилото. Двете девојки почнаа да зборуваат со придушени гласови, а сè што Кире можеше да слушне беа извици од типот на „леле“, „како“, „зошто“ и слично кои што не му влеваа никаква доза на сигурност дека работата може да излезе на арно.
Во тој момент заѕвони некој на врата и одеднаш штама настапи во станот. Девојките мудро се стишија очекувајќи сопственикот на станот да стане од кревет и да отвори врата. Кире се обиде да го игнорира ѕвончето, но кој и да беше на влезната врата беше упорен. По десетина пати ѕвонење Кире стана завитка еден чаршав околу него и тргна кон вратата.
Првиот збор кој го изусти откако отвори врата и виде кој стои таму беше „Тања!“. Пред таа да му објасни дека избегала од Томе без да му каже и дека сака да биде со него и да ја откаже свадбата полуголи од купатилото излегоа Фросина и Кате. На Кире му се стемни пред очи. Од оваа ситуација едноставно немаше излез…
Расказот е извадок од романот – Исповеди на еден психотичен ум

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/author/psihotichen-um/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Извор | Fail.mk
Посетено 1.217 пати

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Vladimir Ristevski (Psihotichen Um)