Вила со ретро шарм во најубавиот дел на Белград
Проект на Милица Тодоровиќ
[fblike]
Белградски Сењак е дом на многу стари куќи во кои живеат претежно дипломати
Во овој елитен кварт постои приватна вила која е уредена од страна на белградската архитектка и дизајнерка на ентериер Милица Тодоровиќ. Опкружена со вили од 20. век и густо зеленило, оваа елегантна градба реновирана е пред пет години. Архитектката истакна дека овој проект е различен од било што некогаш работела, а при самото уредување била инспирирана од рустикалниот шарм на јужниот дел на Франција.
Како доминантен материјал се наметнува дрвото во сите нијанси, од темната боја до дрвените греди во бела боја кои беа поставени во кујната. Ва рустикалната кујна централна позиција зазема вградената работна површина во комбинација на дрво и мермер, во која е вграден мал фрижидер за вино. Во трпезаријата има големи стаклени ѕидови кои ја поврзуваат куќата со прекрасната градина, идеална за коктел-парти и забави во доцна пролет или во лето. Оваа вила има мала куќичка која се наоѓа до базенот во задниот дел од дворот, во која се сместени мал бар и летна кујна.
Три спални соби уредени во пастелни нијанси се опремени со антички мебел, без мешање на современи елементи. Секој детал е доведена до совршенство, од масичка за шминкање со округло дрвено огледало во излитен шик стил, до декоративни завеси кои се вклопуваат со темата на собата.
Посетено 2.839 пати